Промени тема
Контакт

Доктор Чибишев за лажните информации за скопската вода: Доколку водата беше контаминирана со ешерихија коли, ќе имавме над 50 илјади пациенти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryrvshlgaordjs7iVtNFo

Поранешниот директор на Токсикологија и поранешен пратеник, доктор Андон Чибишев, реагираше на информациите што се шират на социјалните мрежи за наводна контаминација на водата за пиење во Скопје со бактеријата Escherichia coli.

Чибишев вели дека не го разбира мотивот за ширење на, како што ги нарекува, дезинформации, посочувајќи дека последиците од евентуална бактериска контаминација би можеле да бидат сериозни.

„Не знам дали тие болни умови знаат што значи таквото загадување. Иако бактеријата Escherichia coli кај сите и во сите случаи не предизвикува симптоми и болест, доволно е само 10 отсто од жителите на Скопје да развијат слика на воспаление на цревата; тоа ќе значи дека за ден-два ќе има над 50.000 пациенти“, наведува Чибишев.

— реклама —

Според него, такво сценарио би претставувало сериозен предизвик за државата и здравствениот систем.

— реклама —

Чибишев упати апел до МВР итно да ги истражи информациите што се шират и да утврди кој стои зад нив.

„МВР е на потег: итно да се откријат нарачателите, креаторите и промоторите на оваа гнасна лага, која внесе недоверба и страв кај граѓаните на Скопје. Без милост, без селективност. Господ напомош!“, порача Чибишев.

— реклама —

Информациите за наводно присуство на E. coli во скопската вода претходно беа демантирани од надлежните институции, а МВР соопшти дека Секторот за компјутерски криминал презема мерки за утврдување на профилите од кои се ширеле непоткрепените тврдења.

media-libraryolt41cnmguds7VEkFIX

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqlrpd0b966978v1Kf15

Испитани 348 примероци од 54 мерни места: Водата во Скопје е безбедна

Скопје | пред 4 часа

— реклама —
media-libraryqlrpd0b966978v1Kf15

Водата во Скопје е безбедна за пиење, сите анализирани примероци се исправни

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryqlrpd0b966978v1Kf15

Водата во Скопје е безбедна за пиење, покажуваат резултатите од испитаните 44 примероци

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryqlrpd0b966978v1Kf15

Водата за пиење во Скопје е безбедна, сите анализирани примероци ги исполнуваат стандардите

Скопје | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања