Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Ципрас му возврати на Рама: Не ја мешајте заштитата на малцинствата со национализам

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-librarym91km1m1a19g5uB02fj

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас му возврати на албанскиот премиер Еди Рама, откако Рама го обвини за национализам поради неговите критики за третманот на грчкото малцинство во Албанија.

Спорот избувна по повредувањето на припадник на грчкото етничко малцинство за време на протест во јужна Албанија. Ципрас побара албанските власти да ги заштитат правата на грчката заедница, по што Рама реагираше со остра порака на социјалните мрежи.

— реклама —

Во објава на платформата Икс, Рама оцени дека Ципрас покажал „рефлекси од минатото“ и се обидува да собира политички поени преку избрзани заклучоци за соседите и нивните суверени институции.

Ципрас, пак, одговори дека изјавите на Рама се дадени „во жарот на моментот“ и потсети на Преспанскиот договор како доказ за неговата посветеност на решавање чувствителни национални прашања преку дијалог.

— реклама —

„Нашата работа, напори и борби за промоција на мирот и соработката во регионот, вклучително и историскиот Преспански договор, не оставаат простор некој јавно да ми држи лекции што значи национализам или што претставува левицата во 21 век“, порача Ципрас.

Тој нагласи дека не треба да се меша патриотската должност за заштита на правата на националните малцинства со националистичките тенденции кои, според него, повторно земаат замав во светот.

— реклама —

Инцидентот што ја предизвика расправијата се случил во областа Звернец во јужна Албанија, каде граѓани протестирале против плановите за изградба на голем туристички комплекс во еколошки чувствителна зона.

Проектот се поврзува со Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп.

— реклама —

Рама ја обвинил приватната агенција за обезбедување за насилството врз демонстрантите и повредувањето на еден од учесниците, но истовремено силно го бранеше проектот вреден четири милијарди евра, оценувајќи дека ќе донесе туристи со висока платежна моќ и нови работни места за локалното население.

media-librarytk77ee7bl84j4d84e9l

Рама му возврати на Ципрас: Оставете ги „рефлексите од минатото“ и националистичката реторика

Албанскиот премиер Еди Рама остро реагираше на ставовите на новата грчка левичарска партија на Алексис Ципрас, обвинувајќи ја дека од изолиран инцидент направила политичко прашање и дека се потпира на „рефлекси од минатото“, пренесе Екатимерини.Во отворено обраќање на социјалните мрежи до својот „стар пријател“ Ципрас, Рама изрази зачуденост што новата партија брзо го поврзала инцидентот во Звернец со наводни прекршувања на правата на грчкото малцинство во Албанија и со европската интеграција на

Свет | пред 5 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3k0j2iurvs8u0XZFYno

„Рама во затвор, Бериша во затвор“: Студентите во Тирана формираа жив ѕид за да ги спречат опозициските приврзаници да им се приклучат на протестот

Балкан | пред 5 дена

— реклама —
media-libraryedf8sm3k8l7t4YrhQYO

(Видео) Рама повторно ги повика студентите на дијалог, постави камена маса пред кабинетот

Настани | пред 1 седмица

media-libraryrc31gtj3gqdn755Wzub

Студентите во Албанија 22 дена протестираат и бараат оставка од Рама и владата

Балкан | пред 1 седмица

media-libraryrc31gtj3gqdn755Wzub

(Видео) Нови судири во Тирана: Демонстрантите палат канти и фрлаат камења кон полицијата

Настани | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања