Промени тема
Контакт

„Човекот забега, му посакуваме побрзо оздравување“, жестока реакција кон Венко Филипче од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 месеци -

Македонија
filipce

ВМРО-ДПМНЕ со остро партиско соопштение реагираше на денешната прес-конференција на Венко Филипче од СДСМ, обвинувајќи го дека „живее во паралелен универзум“ и дека во јавноста пласира теми кои, како што велат, не постојат во реалноста. Од партијата наведуваат дека се „навистина загрижени“ за неговото здравје.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Филипче зборувал за случај во соседна држава, со кој Македонија, како држава и како политички субјект, нема никаква врска. Партијата тврди дека со тоа докажал дека „забегал со своите ставови“ и отвора прашања кои не кореспондираат со фактите.

Клучната точка во соопштението е повторената теза дека во Македонија нема да има мигранти. ВМРО-ДПМНЕ наведува дека на ова прашање веќе одговориле повеќепати – и премиерот Христијан Мицкоски, и партијата преку дневни прес-конференции – но дека Филипче и натаму инсистира да поставува исти прашања.

— реклама —

„Се чудиме дали воопшто стигнува до него нашиот одговор, ама еве пак да му кажеме – мигранти нема да има“, се вели во реакцијата.

— реклама —

Партијата дополнително го обвини Филипче дека бара потпишување резолуција што не постои. „Прво, таква резолуција немате подготвено ниту доставено. Второ, треба да видиме што пишува внатре – можеби ќе пишува изградба на мигрантски камп како во 2018, кога токму Филипче гласал за ваков камп“, се додава во текстот.

Во однос на синоќешниот напад во редакцијата на „Инфомакс“, ВМРО-ДПМНЕ повтори дека инцидентот веднаш е осуден и дека партијата „отфрла било каква поврзаност“ со случајот.

— реклама —

Соопштението завршува со најострата порака:
„Му посакуваме на Филипче побрзо да се смири и да оздрави. Ваквите размислувања кои ги пласира – лажни и невистинити – му штетат на здравјето. Нека си поднесе оставка и нека се оттргне криминалот од СДС, со тоа што луѓе како него, Спасовски, Николовски, Бисера, ќе си одат од партијата.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryifj7namj2f1n0svrrZY

СДСМ: Нема одговор, има матрица – приватна фирма плаќа, Мицкоски ја продава државата, за него антимон, за граѓаните отров!

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-librarydi2a0nqmq6ra5yxVQxa

СДСМ: Дефицит од 900 милиони евра - Мицкоски ја распродава Македонија затоа што нема економски резултати

Македонија | пред 1 ден

media-libraryn3ugtfmiffgkek0Fi1u

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да не шират паника, Филипче да не се грижи, пензискиот фонд е стабилен

Македонија | пред 2 дена

media-libraryhqad4r76cv7d9qnMbjp

СДСМ: Тошковски бара ЕУ да нè гледа како другите – ЕУ гледа „банда на власт“, тоа не е народот

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања