ВО ЖИВО: Предновогодишна од фирма
Gkm-R5hydbU

Црната листа на САД

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Screenshot-2021-09-24-at-09.15.40

,,Нов Асном ја осудува црната листа на Стејд Департментот на која од неодамна се најде и градоначалникот на општина Карпош, претседателски кандидат и лидер на партијата ГРОМ Г-дин Стевче Јакимовски и неговото потесно семејство. Со овој чин, Соединетите Американски држави директно се мешаат во политичките процеси во Македонија и се обидуваат да ги моделираат претстојните парламентари и претседателски избори во Република Македонија. Ваквиот начин на флагрантно и директно мешање во политиката во Македонија нема за цел спречување на корупцијата или пак декларативно владеење на правото. И поред црната листа на САД, корупцијата ќе цвета, судскиот систем и понатаму ќе служи на тесно партиските интереси а вработувањата во држаната администрација ќе бидат поткупниот влог за да се добијат изборните гласови.

— реклама —

Имајќи во предвид дека живееме во загаден политички амбиент, претпоставка е дека секој политички функционер кој што е на официјална функција има сторено корумпиран акт или акти од потежок или полесен карактер. Во вакви услови, секое ставање на функционери на црната листа на САД е само беден избор на подобни и неподобни корумпирани политичари со кои САД ќе соработува или не. Црната листа на САД не е подложна на никаков правен праведен процес во кој лицата кои се поставени на истата имаат фер третман и можат да се бранат со аргументи. Листата е правена по таен, нетранспарентен и недемократски административен процес со криетриуми непознати на јавноста. Ова е спротивно од секое транспарентно демократско владеење на правото и правдината.

Во последните две серии на именување лица кои се на црната листа, повеќето се македонци и има само еден албанец. Небаре албанските политичари во Македонија се кристално чисти пред законот. Барем да го почитуваа Охридскиот договор, кој силно го подржуваа, и да се придржуваа кон формулата 25%. Пристрасноста на САД околу националностите кои се најдоа на последните црни листи е очигледна.

— реклама —

Нов Асном се залага за потполно владеење на правото за секој граѓанин без исклучок и сметаме дека нам ни требаат суштински, длабоки и темелни реформи кои ќе резултираат во градење на практично и вистинско еднакво општество за сите. Во таа насока, цениме дека решенијата за независни инситуции во судството, ЈО, државната администрација и Уставниот суд кои се содржани во научната студија на професорот Лабовиќ, се добра основа за менување на уставот на државата а при тоа и да се врати името Република Македонија.", велат од Нов Асном.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library19pitv55ru2h9qrvkaL

Прво обраќање на Јакимовски по поразот: ВМРО-ДПМНЕ, не победивте во Карпош, го украдовте

Скопје | пред 1 месец

IMG_3593

(Видео) „Мицко и Соте се во страшен очај“ - Јакимовски со реакција за фотографијата на Лукровски со Мојсова

Скопје | пред 1 месец

Marija-Miteva-14.06.2022

ВМРО-ДПМНЕ со прашања до Јакимовски: Како семејството за една година купило парцели во елитната населба Жданец?

Скопје | пред 1 месец

media-library19pitv55ru2h9qrvkaL

(Видео) Јакимовски до Лукровски: „Што правиш, бе човек, рекламирањето на „Систина“ е предизборен поткуп“

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања