Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Црвен аларм во Шпанија: Температурите ќе достигнат до 42 степени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
toplo-vreme-768x556

Шпанската метеоролошка агенција (Aemet) издаде црвено предупредување за екстремно високи температури во делови од Каталонија, Валенсија и Сарагоса, каде што во текот на денот се очекува живата во термометарот да достигне меѓу 40 и 42 Целзиусови степени.

— реклама —

Највисокото ниво на предупредување укажува на исклучително опасни временски услови, со можни сериозни последици за населението и материјалните добра.

— реклама —

Според прогнозите, новиот топлотен бран ќе трае до задутре.

Шпанија е една од европските земји што најсилно ги чувствува последиците од климатските промени. Иако високите летни температури не се невообичаени, во последните години земјата се соочува со сè почести и поинтензивни топлотни бранови.

— реклама —

Од Aemet посочуваат дека ова е втор топлотен бран ова лето, по јуни, кој беше вториот најтопол месец досега забележан, со просечна температура за 3,2 степени Целзиусови над повеќегодишниот просек.

— реклама —

Минатото лето Шпанија се соочи со најразорните шумски пожари во поновата историја. Честите горештини, во комбинација со намалените врнежи и сувата вегетација, создаваат услови за брзо ширење на шумски и нискостеблести пожари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvcjhvpm1ppcnaO2r4ln

(Видео) Генералниот штрајк во Шпанија заврши со судири, пожари и ограбени продавници

Свет | пред 5 часа

— реклама —
media-librarygsta2uk90qan3gvYwnl

(Видео) Шпанија парализирана: Четири милиони работници на генерален штрајк, судири со полицијата и десетици приведени

Свет | пред 21 час

media-libraryaul2tl106a902NwdXGY

Тело на новороденче пронајдено во замрзнувач во Шпанија, можеби било скриено повеќе од 20 години

Свет | пред 3 дена

media-libraryp5vijcf63f2b8Nf9qT8

Трагедија во Шпанија: Фудбалерот Хесус де Мигел почина по судир со противничкиот голман

Спорт | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања