Промени тема
Контакт

ЦУК апелира до возачите: Ако патувате имајте доволно гориво и зимска опрема

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-libraryjjsbu6ddk8kgb7GOhvh

Состојбата со врнежи во земјава сега е стабилна, но земјава е повторно зафатена со нов циклонски бран кој носи нови врнежи од дожд и снег на повисоките места поради што се очекува зголемување на водостоите.

— реклама —

Според Управата за хидрометеоролошки работи се очекува зголемување на водостојот во горниот дел од сливот на реките Вардар, Треска, Радика, Сатеска, Коселска, како и на водотеците во Охридско-Преспанскиот регион. Зголемување на водостојот се очекува и на реката Лепенец, на водотеците и суводолиците кои доаѓаат од Шар Планина, како и во сливот на реките Пчиња и Струмица. Поради високото ниво на подземни води, на одредени места е можна интеракција со површинските води и појава на заезерување.

— реклама —
— реклама —

Од ЦУК апелираат на претпазливо движење покрај реките и суводолиците, а за оние што ќе патуваат следните денови да имаат доволно гориво во резервоарите и соодветна зимска опрема бидјеќи е можно да се формираат навеви од снег и одредени патни правци во одредени периоди да бидат непроодни. Лицата кои живеат на повисоки места навремено да се снабдат со храна и лекови.

— реклама —

Во случај на опасност или потреба, граѓаните да се јават на бесплатниот телефонски број за итни повици – 112 во ЦУК.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryr51a34b32en5bmhrbQt

Нема активни пожари во Македонија

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library1s8b2678b2qg7ViUmNT

Три пожари регистрирани до 13 часот, два се изгаснати, еден под контрола

Македонија | пред 1 седмица

media-library4npddjapi8h6aq6SM4N

Пет пожари на отворено регистрирани до 13 часот, активни се три

Македонија | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања