Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

ЦУК и НАТО започнуваат проект за современ систем за справување со кризи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library8sdthd04htig8weJMPo

Со потпишувањето на нов проект поддржан од НАТО, Центарот за управување со кризи (ЦУК) започнува процес на модернизација на националниот систем за справување со кризни и итни состојби.

Директорот на ЦУК, Мухамед Али, официјално го потпиша договорот за реализација на повеќегодишниот проект G10231 – „Интероперабилен систем за командување со инциденти управуван од вештачка интелигенција за прекуграничен одговор при кризни и итни состојби (NICS-2)“, кој се реализира во рамки на НАТО програмата „Наука за мир и безбедност“ (Science for Peace and Security – SPS).

— реклама —

Од ЦУК посочуваат дека по подолг период, за првпат започнува сериозен процес за изградба на современ и интегриран систем за управување со кризи во државата, со јасна визија и силна меѓународна поддршка.

Проектот претставува значајно признание за капацитетите и посветеноста на институцијата во областа на управувањето со кризи, а воедно е и важен чекор кон модернизација на системите за координација, рано предупредување и справување со природни непогоди и вонредни состојби.

— реклама —

Со имплементацијата на NICS-2 се очекува да се зајакне меѓуинституционалната соработка, да се унапредат капацитетите за донесување одлуки во реално време и да се создадат поефикасни механизми за заштита и безбедност на граѓаните.

— реклама —

Во рамки на проектот ќе се зајакне и меѓународната соработка, а предвидена е и поддршка за партнерите од Украина преку размена на знаења, искуства и добри практики во областа на управувањето со кризи и итни состојби.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryj722lahbhm831KAEh2p

Во изминатото деноноќие регистрирани 30 пожари на отворено, нема активни огнени жаришта

Македонија | пред 18 часа

media-library9djm2ng29eandFoxdyt

ЦУК: Активни два пожара на отворено, еден ставен под контрола

Македонија | пред 4 дена

media-library4npddjapi8h6aq6SM4N

Активни три пожари на отворено, најкритично во Гази Баба, Долнени и Кавадарци

Македонија | пред 5 дена

media-libraryu02imf7o7mgb5zeW6zq

Сите пожари ставени под контрола – утрово нема активни жаришта

Македонија | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања