Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Цветкоски: Покрај пратениците, сите именувани функционери да имаат едно државјанство

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryi0j082e51bph5Ejrjzx

Либерално-демократската партија (ЛДП) најавува дека ќе инсистира на проширување на законските измени со кои, покрај пратениците, услов за едно државјанство да важи и за сите избрани и именувани функционери, се наведува во партиско соопштение.

— реклама —

Александар Цветкоски од Извршниот одбор на ЛДП, во изјава за медиумите, порача дека „едно правило мора да важи за сите“ и дека, како што вели, треба да се стави крај на двојните стандарди и селективните решенија.

— реклама —

Тој посочи дека барањето за едно државјанство треба да се однесува на пратеници, министри, директори, јавни обвинители и судии, и да важи и за сегашните и за идните носители на функции, без одложување, стои во соопштението.

— реклама —

Како што се наведува во партиското соопштение, Цветкоски оцени дека нема потреба од популизам и половични решенија и повика предлагачите на законите да побараат увид во податоците на сите актуелни функционери, при што, како што додава, оние со двојно државјанство треба да поднесат оставка.

— реклама —

Тој најави дека ЛДП ќе поднесе законско решение со кое сите избрани и именувани лица, под морална и кривична одговорност, ќе треба да потврдат дека немаат друго државјанство, стои во соопштението од партијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypebqacof1jeedQ6yNLf

ЛДП до Мицкоски: Изменете го Кривичниот законик веднаш, имате можност и наша поддршка

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-librarytck1r2s80ntj6kkhEBq

ЛДП: Хаос, пиши-бриши и институционално лудило - добиваме нови шлаканици од ЕУ додека власта секој ден ги менува законите зад грбот на народот!

Македонија | пред 1 ден

media-library2bg79bitcebr989lcH7

ЛДП: 10.000 граѓани побараа заштита, Собранието мора веднаш да реагира!

Македонија | пред 3 дена

media-library2bg79bitcebr989lcH7

Зајкова објави петиција за воведување електронски нараквици за следење на насилниците

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања