Промени тема
Контакт

Данска го продолжи воениот рок од четири на 11 месеци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-library4tjm0ndjt3un3JLPuME
Photo by Daniel on Unsplash

Данска го продолжи времетраењето на воениот рок од четири на 11 месеци, како дел од мерките за зајакнување на одбранбените капацитети во услови на зголемени безбедносни предизвици поради војната во Украина.

— реклама —

Според данските медиуми, околу 1.600 млади Данци вчера ја започнале воената служба според новата програма. Воениот рок во Данска и натаму главно се заснова на доброволно пријавување, а доколку нема доволно доброволци, преостанатите регрути се избираат по пат на жрепка.

— реклама —

Оваа година околу 20 проценти од новите регрути се жени. Од годинава задолжителната воена служба е проширена и на жените постари од 18 години, што претставува значајна промена во данскиот систем на одбрана.

Началникот на одбраната Михаел Хилдгард изјави дека воената служба им овозможува на младите да преземат одговорност и да придонесат не само за вооружените сили туку и за општеството во целина.

— реклама —

Меѓу регрутите што ја започнаа новата програма е и 19-годишната данска принцеза Изабела, најстарата ќерка на кралскиот пар. Таа во следните 11 месеци ќе служи во Гардискиот хусарски полк во касарната Антворсков, а според данските медиуми, доброволно се откажала од платата што ѝ следува за време на службата.

— реклама —

Нејзиниот брат, престолонаследникот Кристијан, претходно исто така го отслужи воениот рок и минатото лето започна обука за офицер. Учеството на членовите на данското кралско семејство во вооружените сили е долгогодишна традиција, присутна и во други европски монархии.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

mark-rute-1

Руте повика на смиреност по предупредувањето на Данска за руските закани кон НАТО

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-library305fakfeaf3c7CRRyVE

Данска со предупредување: Расте ризикот од руски напад врз НАТО

Свет | пред 1 седмица

media-library5u2tjo7v93p733khP5v

(Видео) Во Данска, ако наполниш 25 години, а не си во брак, пријателите те врзуваат и те полеваат со цимет

Вирално | пред 2 седмици

media-library6rka9el1icpo0IxbbBV

(Видео) Судир меѓу полицијата и демонстранти во Данска, употребени палки и полициско куче

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања