Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Давкова била кај повредените кои се лекуваат во Софија: Разговарав со роднинините, подобрена е состојбата на пациентите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
siljanovska-davkova1

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова објави дека ја посетила болницата „Пирогов“ во Софија каде што се згрижени и се лекуваат македонските граѓани повредени во трагичниот пожар во Кочани.

— реклама —

„Во разговорот со министерот за здравство, проф. д-р Силви Кирилов, заменик-директорот на болницата, проф. д-р Николај Габровски и раководителката на Одделот за изгореници и пластична хирургија, доц. д-р Маја Аргирова, бев информирана дека здравствената состојба на осумтемина македонски пациенти е стабилна, се наоѓаат под постојан надзор од страна на врвни, искусни лекари и дека процесот на закрепнување бележи напредок.

— реклама —
— реклама —

Во присуство на лекар Македонец, ми беше овозможен подолг разговор со најблиските роднини на македонските пациенти. Тие најпофално се изразија за болничкиот персонал и манифестираа радост за видно подобрената состојба на нивните најмили.

Се сретнав и со дел од бугарските медицински тимови коишто директно учествуваа во укажувањето на итна медицинска помош и им изразив особена благодарност за нивната пожртвуваност, човечност и професионалност. Нивната благородна мисија е вистинско олицетворение на медицинската етика, солидарноста и хуманоста, вредности коишто ќе останат темел на заемна почит и искрено пријателство меѓу двата блиски народа, бугарскиот и македонскиот“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8vvl0g874voq9pE90Wa

Сиљановска-Давкова во пресрет на COP31: Климатските обврски да ги претвориме во конкретни инвестиции и мерливи резултати

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-libraryqd923484dv1schWOY9U

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам

Македонија | пред 1 ден

media-libraryoflq4q9htrrcfuQymqS

Сиљановска-Давкова во Будимпешта се сретна со претставници на македонската дијаспора

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryesqajfnpgjvqd9kh44p

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на Проект ХОУП и Фондацијата БД

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања