Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Дел од Центар без вода, Драчево без струја – известување од ЦУК Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-library0m93ufldt2e80yYEqce
Скопје1.мк

Поради водоводен дефект и зафати во електродистрибутивната мрежа, делови од Скопје денеска ќе останат без вода и електрична енергија, информира Регионалниот центар за управување со кризи – Град Скопје.

— реклама —

Од ЈП „Водовод и канализација“ соопштуваат дека поради дефект на улицата „Ленинова“ бр. 56, од 09:00 часот без вода ќе бидат дел од корисниците на потегот од улицата „Никола Тримпаре“ до булеварот „Партизански одреди“, во Општина Центар, сè до завршување на интервенцијата.

Од ЕВН Македонија информираат дека поради планирани зафати, од 08:30 до 15:30 часот без струја ќе останат дел од корисниците на улицата „Јустинијан Први“ во населбата Драчево, на потегот од бензинската пумпа „Макпетрол“ до црквата „Св. Спас“, во Општина Кисела Вода.

— реклама —

ЈСП Скопје известува дека јавниот превоз се одвива по зимски возен ред, при што поради градежни работи изменета траса имаат линиите 3б, 4, 7, 9, 18, 23, 24, 44, 54 и 118.

— реклама —

Од Македонски железници соопштуваат дека поради реконструкција на пругата на релацијата Скопје – Зелениково, ќе има измени во возниот ред на патничките возови.

Меѓуградскиот и меѓународниот автобуски сообраќај, како и авионскиот транспорт, се одвиваат редовно.

— реклама —

Воедно, Институтот за трансфузиона медицина информира дека денеска се организираат крводарителни акции во основното училиште „Рамиз и Хамид“ и во компанијата „Линемар“ во индустриската зона Бунарџик, додека крв може да се дарува и во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“ секој работен ден од 08:00 до 15:00 часот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryuejkus7f7odsdN2DEB5

ЦУК со апел: Бројот 112 користете го само за итни случаи

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

Дождот и маглата ги заробиле на Пирибег: ЦУК координирал акција за спасување на двајца странски планинари

Македонија | пред 1 месец

media-library79udkma0epe17GL70Xf

Осум пожари и натаму активни низ земјава, ЦУК регистрирал вкупно 21 пожар

Македонија | пред 1 месец

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Пожар кај Јаболчиште, гори букова и дабова шума

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања