Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Дел од парите од игрите на среќа ќе одат за филм и туризам, Љутков најави „ренесанса“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarypfgf9i63gbdabiXgQaP

Министерот за култура Зоран Љутков објави дека Владата го усвоила Предлог-законот за игри на среќа и забавни игри, со кој повторно се воведува финансиска поддршка за филмската индустрија и туризмот.

Според Љутков, новите измени отвораат можност за значително поголеми вложувања во македонската кинематографија.

„Конечно се отвора нова перспектива за македонската филмска индустрија и туризмот“, напиша министерот.

— реклама —

Со законските измени, 3 проценти од давачките од игрите на среќа ќе се издвојуваат за Агенцијата за филм, без ограничување на висината на средствата на годишно ниво.

„Ќе се обезбедат повеќе средства за домашни филмови, серии и млади автори, ќе се поддржат нови сценарија, дебитантски проекти и детски филмски содржини“, посочи Љутков.

— реклама —

Дополнително, според него, 4 проценти од средствата ќе бидат наменети за развој на туризмот.

— реклама —

„Ова значи повеќе македонски филмови, поголема меѓународна конкурентност и силен поттик за културниот и економскиот развој преку филмот, а со тоа и поголема промоција на Македонија како филмска и туристичка дестинација“, наведува министерот.

Љутков оцени дека филмот и туризмот можат да станат еден од најсилните двигатели на економијата преку промоција на природните убавини, културата и традицијата на државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryu96bdehsife84a2EmxC

„Македонскиот јазик не е политичко прашање, туку национална вредност“, вели Љутков

Македонија | пред 3 седмици

media-librarylss1vn2hl1u742GwoMt

Љутков: Две години системски реформи – културата и туризмот повторно станаа државен приоритет

Македонија | пред 1 месец

media-libraryqbcqcnim3aqb3HDGtjn

Љутков и Перински од Струмица: Нов проект ќе ги поврзе Банско, Дојран и Килкис во туристичка рута

Македонија | пред 1 месец

media-libraryb9t5h2gdev038zZXJfG

„Македонскиот јазик е поважен од личните пресметки“: Љутков со остар одговор до Груевска-Маџоска

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања