„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Демократски сојуз: Етно-национализамот е поттикнат од опозиционите партии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
demokratski-sojuz

Демократски сојуз најостро го осудува палењето и кинењето знамиња на Македонија, на прославата на Денот на Албанското знаме и бара продлабочена истрага и одговорност од директните учесници и од поттикнувачите на овие антидржавни и антимакедонски активности.

— реклама —

„ДУИ подолго време преку дезинформации за наводна незастапеност на Албанците во власта, укинување на балансерот за кој тие се залагаа, за наводна загрозеност на употребата на албанскиот јазик, етничко чистење на институциите итн., поттикнува етно-национализам насочен кон дестабилизација и блокирање на институциите да работат на откривање и документирање на криминалот во кој се вклучени и нивни кадри“, велат од ДС.

„Демократски сојуз бара многу поорганизиран и неселективен пристап во борбата против тешките облици на криминал кои ги блокираат реформите, владеење на правото и развојот на државата.

— реклама —

Овие настани ја детерминираат и потребата од брзи реформи на судскиот систем и кадровското екипирање на виталните државни институции.

Овие националистички испади со палења на знамиња и пукање по плоштадите и улиците ги загрозува и евроинтеграциите на Македонија“, соопшти ДС.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

izbori

ЛДП и ДС се за една изборна единица, ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува

Македонија | пред 6 месеци

demokratski-sojuz

Демократски сојуз: Ветингот на Али Ахмети го спроведуваат САД

Македонија | пред 1 година

17435997_1321462517933888_1706608406782984374_o

Ставањето на Мерко на црната листа на САД е сериозна опомена против политичката мафија која владее со Македонија, велат од Демократски Сојуз

Македонија | пред 2 години

pavle-trajanov

Демократскиот сојуз повика на темелни реформи во судскиот систем

Македонија | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања