Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Девет возачи приведени за безобѕирно возење, шестмина биле без возачка дозвола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-librarylo58sl2lualj3eQ6hj9
фб

Девет возачи биле лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на територијата на целата држава поради безобѕирно управување со моторни возила, информира Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Според МВР, шестмина од приведените управувале возила без да поседуваат возачка дозвола. Двајца биле затекнати во Скопје, а по едно лице во Чашка, Гевгелија, Битола и Кичево.

— реклама —

Дополнително, едно лице во Скопје и едно во липковскиот регион биле лишени од слобода затоа што управувале возила и покрај тоа што имале активна забрана за управување.

Меѓу приведените е и возач од Берово кој управувал трактор под дејство на алкохол. Кај него биле измерени 1,74 промили алкохол во крвта, а при интервенцијата агресивно се однесувал кон полициските службеници.

— реклама —

Од Министерството соопштија дека по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

— реклама —

Воедно, МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возила без возачка дозвола, доколку имаат изречена забрана за управување или кога се под дејство на алкохол, со цел зголемување на безбедноста на патиштата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysg8c8o6i5fqmciQu9mr

Две лица со автомобил се обиделе да прегазат полицајци во Чегране

Македонија | пред 7 минути

— реклама —
media-libraryd1gkjdhbrm0u7RnvdbW

Приведен 56-годишник во валандовско, полицијата му пронашла пушка и муниција без дозвола

Македонија | пред 15 минути

media-library3l2kotb27s0t1BbWf5j

МВР за пет часа казни 221 пешак, санкционирани и 179 возачи

Македонија | пред 1 час

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања