„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Деветти Бадников собир на Зајчев Рид, годинава посветен на Душко Чифлиганец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 дена -

Скопје
media-libraryv00ns77nqsen2uwhGZw

Бадник кај нас не е само датум, туку жива традиција што ги обединува љубителите на моторите, звукот на машините и духот на заедништвото. И годинава, по деветти пат, се организира Бадниковиот собир, на кој се поканети сите – млади и стари, рекреативци и натпреварувачи, како и сите што ја делат истата страст кон моторите.

— реклама —

Собирот ќе се одржи на 6 јануари, со почеток од 11:00 часот, на Зајчев Рид. Присутните ќе имаат можност да учествуваат во традиционалното кршење клубско лепче со паричка, да уживаат во дружењето и во енергијата што ја носи овој настан, како и во симболичниот старт на новата мото-сезона.

Како дел од програмата, ќе се вози почесен круг, кој годинава е посветен на споменот на нашиот другар Душко Чифлиганец. Овој чин ќе биде израз на почит, заедништво и сеќавање, како и потсетник дека моторите не се само средство, туку и начин на живот.

— реклама —

Организаторите порачуваат дека сезоната ќе започне онака како што најдобро се знае – заедно, со почит, со адреналин и со искрена љубов кон моторите, во духот на Бадник и празничната традиција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryjgvaia4f1jn2ahvLhNC

„Потешки денови нема“: Божиќ по трагедиите што оставија тишина во македонските домови

Коментари | пред 2 дена

mpc-1

МПЦ со божикно послание: Светлината Христова да ги преобрази нашите животи

Македонија | пред 3 дена

media-librarylik24nj4e4204CndUCa

Зошто на Бадник во домот се внесува дабово гранче

Магазин | пред 3 дена

badnik-i-bozhikj-praznici-na-semejstvoto-214496

Од бадниковата вечер до божиќната радост: обичаи што го чуваат духот на заедништвото и раѓањето на животот

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања