Промени тема
Контакт
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош
„Претрес“: Сведоштво за насилство што обвинителот не го гледа; Шемата за луксуз со социјална помош

Дисанажака: Одбивме два борбени авиони за да ја зачуваме неутралноста

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 седмици -

Свет
media-libraryng9ecqnv8gssbu2vMxx
Х

Претседателот на Шри Ланка, Ануpа Кумара Дисанажака, го информира парламентот дека владата на Шри Ланка одлучила да не дозволи влез на ирански воени бродови во територијалните води на земјата и го одбила барањето на САД два нејзини борбени авиони да слетаат на аеродромот Мaтала.

Обраќајќи се пред пратениците, Дисанажака наведе дека на 26 февруари било примено барање иранските воени бродови да ја посетат Шри Ланка во периодот од 9 до 13 март за зајакнување на билатералната соработка, што владата го разгледувала.

— реклама —

Тој додаде дека истата вечер и САД побарале дозвола два борбени авиони на американската морнарица да слетаат на аеродромот Мaтала.

— реклама —

„Тие сакаа да доведат два борбени авиони наоружани со осум противбродски ракети од база во Џибути до Меѓународниот аеродром Мaтала во периодот од 4 до 8 март, и ние рековме 'не'“, рече Дисанажака.

— реклама —

Претседателот на Шри Ланка нагласи дека, во согласност со политиката на строга неутралност на земјата, владата одлучила да ги одбие двете барања за да ја зачува несврстаната позиција на Шри Ланка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarysthr2nkoeh5t5nsQuu1

Стравичен биланс на невремето во Шри Ланка: 123 загинати, стотици исчезнати во поплавите и свлечиштата

Свет | пред 4 месеци

— реклама —
media-librarya63op5thai5t4eqXWZ2

Шри Ланка во хаос од поплави: 56 жртви, затворени училишта и институции

Свет | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања