Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Дизелот поевтинува за четири денари, нови цени на горивата од полноќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-libraryvvodr8n2odu8fJzF2xF

РКЕ донесе нова одлука за цените на горивата, според која од полноќ најголемо намалување има кај дизелот и екстра-лесното масло, додека цената на бензинот еуросупер БС-95 останува непроменета.

— реклама —

Според регулаторот, малопродажните цени на нафтените деривати во просек се намалуваат за 1,78 проценти.

Новите цени што ќе важат од полноќ се:

— реклама —
  • Еуросупер БС-95 – 85 денари за литар

  • Еуросупер БС-98 – 86,50 денари за литар

  • Еуродизел – 89,50 денари за литар

  • Екстра-лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) – 94 денари за литар

  • Мазут М-1 НС – 49,968 денари за килограм

Дизелот поевтинува за четири денари по литар, додека бензинот БС-98 ќе биде поевтин за половина денар. Цената на бензинот БС-95 останува иста.

— реклама —

Најголемо намалување има кај екстра-лесното масло за домаќинство, кое ќе биде поевтино за 4,50 денари по литар.

Од друга страна, мазутот бележи благо поскапување од 0,248 денари за килограм.

— реклама —

Од РКЕ посочуваат дека новите цени се резултат на движењата на светските пазари, каде што во анализираниот период цените на дизелот и екстра-лесното масло бележат значително намалување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysgfk5147lgugeW3ne5o

Светските резерви на дизелот на најниско ниво во последните 35 години

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryvvodr8n2odu8fJzF2xF

До 2 ноември дизелот со попуст од 2 денари по литар

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryvvodr8n2odu8fJzF2xF

Дизелот со попуст од два денари по литар, мерката ќе важи до 2 ноември

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryvvodr8n2odu8fJzF2xF

Русија ја ублажува забраната за извоз на дизел: 500.000 тони ќе стигнат на светскиот пазар

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања