Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

До 18 часот регистрирани 22 пожари на отворен простор, осум сè уште активни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-librarykdvod7nsaang94ZKDdJ

До 18 часот денеска во земјава се регистрирани 22 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни, еден е ставен под контрола, а 13 се целосно изгаснати, информира Центарот за управување со кризи.

— реклама —

Најголем дел од активните пожари зафаќаат ниска вегетација и шумски површини. Во Општина Прилеп активен е пожарот на потегот од село Чаниште кон Крушевица и Лопатица, со крак кон Црна Река. Пожари има и кај селата Белушино и Јакреново во Крушево, каде што гори ниска вегетација и деградирана дабова шума.

— реклама —

Активни се и пожарите во Студеничани, на потегот Моране – Вртекица – Рамни Габер, во Бутел кај Луботен, како и во Македонски Брод, на местото Видуш, кај Драгов Дол и кај Локвица.

Во Кичево гори високостеблеста букова шума кај Тајмиште, на местото Дарда, додека активни пожари има и кај Никуштак во Липково и кај Церово во Гостивар, каде што е зафатена нискостеблеста дабова шума.

— реклама —

Пожарот кај селото Мојно во Општина Могила е ставен под контрола.

— реклама —

Во текот на денот се изгаснати вкупно 13 пожари. Тие биле регистрирани во Радовиш, Струмица, Новаци, Гостивар, Брвеница, Неготино, Велес, Струга, Дебар, Кичево, Куманово и Студеничани. Во најголем дел гореле ниска вегетација, стрништа, грмушки и отпад, а на едно место бил зафатен и објект – плевна на Дебарските гробишта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

— реклама —
media-libraryoe5uhgfmfqkobJfifSc

Активни пожари кај Драчевица, Дебар, Јаболчиште, Матејче, Стрима и на Шар Планина

Македонија | пред 1 месец

media-library6nieum4ej154cVJksVP

Нема активни пожари на отворено, ЦУК регистрира 28 пожари во 24 часа

Македонија | пред 1 месец

media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Еден пожар активен, еден под контрола, четири изгаснати

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања