До последниот ден од криминалната влада со ДУИ, СДС се соизвршители во криминалот на Артан Груби, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
grubi-41

Во СДС нема ништо ново. Партиското раководство се остатоци и трет и четврт ешалон од владеењето на Зоран Заев, сега ставени во служба на Венко Филипче, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Секојдневно измислување приказни на СДС не поминуваат. Тие се прочитани од народот и никој не им верува. Тоа се виде на последните избори, на кои од граѓаните добија црвен картон.

Дека СДС се декласирани и никој не им верува зборуваат и резултатите од последните анкети, каде што довербата од граѓаните им е 1 спрема 5 во корист на ВМРО-ДПМНЕ. Полека, но сигурно СДС ги снемува од политичката мапа.

— реклама —

За да стекнат некаков кредибилитет, прво што треба СДС да направи е, јавно да им се извинат на македонските граѓани за криминалот на Артан Груби. Тие знае дека Груби криминално печали врз грбот на граѓаните и дека ја пљачка државата, а за тоа молчеа.

Ова СДС, на чело со Венко Филипче, беа заедно во криминалната влада на СДС и ДУИ. За да им продолжи власта тие го одобруваа криминалот и крадењето на Груби, на кој потоа им се приклучија.

СДС се соизвршители во криминалот на Груби и тоа траеше до последниот ден на нивната криминална влада.

СДС молчеше за криминалот на Артан Груби дури и за време на изворната кампања, каде што на избори одеше со надеж, дека после нив, повторно ќе направат заедничка влада и ќе продолжат да крадат и да прават криминал.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е одлучна да воспостави ред и да се справи со политичките криминалци во СДС и ДУИ, кои здружно ја крадеа државата. Народот тоа го гледа и го цени и затоа предноста и довербата од граѓаните е во постојан раст.

Правда и одговорност за сите во Македонија ќе има“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања