Промени тема
Контакт

Добитник на Греми награда убиен во Лондон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryabbb4f34526l1e2dhl2
screenshot instagram

Британскиот пејач и текстописец Талај Рајли почина на 35-годишна возраст откако бил избоден во источен Лондон, соопшти полицијата.

Музичарот, чие вистинско име е Марк Ораби, беше пронајден со убодни рани во населбата Силвертаун во петокот. И покрај интервенцијата на службите, тој почина на местото на настанот.

Рајли беше познат како наградуван автор на песни и соработуваше со голем број светски музички имиња, меѓу кои Дуа Липа, Бритни Спирс и Ели Голдинг. Во текот на кариерата настапуваше и на турнеи со Ашер.

— реклама —

Во емотивна објава на социјалните мрежи, неговиот брат Мајкл Ораби, познат како Скрибз Рајли, напиша дека последен пат разговарале непосредно пред трагичниот настан.

— реклама —

Семејството во соопштението го опиша Марк како сакан син, брат и пријател кој зад себе оставил траен белег со својот талент, добрина и позитивен дух.

Полицијата соопшти дека во истиот инцидент бил повреден уште еден маж на возраст од околу 20 години, кој е хоспитализиран, но неговите повреди не се опасни по живот.

— реклама —

Во врска со случајот биле приведени три лица. Еден 27-годишен маж е пуштен со кауција до понатамошна постапка, додека уште две лица биле ослободени по полициското испрашување. Истрагата за случајот продолжува.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library9h1itj50u2mndJpOFZF

Почина актерот Роберт Карадин

Свет | пред 6 месеци

media-libraryilup3lk19o9pe2h9BCA

Маж почина по полициска интервенција во Нов Загреб, претходно нападнал жена на улица

Свет | пред 6 месеци

media-librarya0r3vmjokgks3V2vYKE

Почина Тихомир Јанчовски – поетот што остави трага во македонската книжевност и култура

Македонија | пред 7 месеци

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-07-1250PM

Трагедија во струмичко: Маж починал откако паднал во шахта

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања