Промени тема
Контакт

Маж почина по полициска интервенција во Нов Загреб, претходно нападнал жена на улица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
media-libraryilup3lk19o9pe2h9BCA

Триесет и деветгодишен маж почина денеска во Нов Загреб, откако претходно се степал со друг маж во стан, а потоа нападнал жена на улица. Полицијата го совладала со употреба на сила, по што му се влошила здравствената состојба и бил пренесен во болница каде што подоцна починал, соопшти Полициската управа во Загреб.

Полицијата нешто по 12 часот примила повеќе пријави за врева и тепачка на улицата Шенова во Нов Загреб. Според досегашните информации, во стан на таа адреса вербално и физички се судриле двајца мажи на возраст од 39 и 37 години. По конфликтот, постариот маж истрчал пред зградата и физички нападнал една жена.

— реклама —

Во нејзина одбрана притекле член на семејството и сосед, кои го задржале напаѓачот до пристигнувањето на полицијата.

Полициските службеници набргу пристигнале на местото, но 39-годишникот не ги почитувал нивните наредби. Тој бил совладан со употреба на физичка сила и средства за врзување.

— реклама —

За време на интервенцијата му се слошило, по што полицајците му укажале прва помош и започнале реанимација. Била повикана и итната медицинска помош, која ја презела реанимацијата и го транспортирала во Клиничкиот болнички центар во Загреб.

— реклама —

Од болницата подоцна било соопштено дека мажот починал. Во тек е криминалистичка истрага за утврдување на сите околности на настанот, информираше полицијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

ohridskoezeromart

31-годишниот скопјанец кој беше пријавен за исчезнат е пронајден мртов во Охридското Езеро

Македонија | пред 4 дена

— реклама —
media-libraryabbb4f34526l1e2dhl2

Добитник на Греми награда убиен во Лондон

Свет | пред 3 месеци

media-library9h1itj50u2mndJpOFZF

Почина актерот Роберт Карадин

Свет | пред 6 месеци

media-librarya0r3vmjokgks3V2vYKE

Почина Тихомир Јанчовски – поетот што остави трага во македонската книжевност и култура

Македонија | пред 7 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања