Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Додека ДУИ и Артан Груби се криеја зад Албанците и СДС го делеше македонското општество за да крадат, Албанците и Македонците масовно се иселуваа, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
grubi-5123

„СДС и ДУИ се едно исто. И двете партии ги користат најчувствителните теми во општеството за ситни политички поени и за лично богатење на поединци“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС долго време се криеше зад флоскулата „едно општество за сите“, за од друга страна да ги направи најголемите и најдлабоките поделби во македонското општество. Додека го делеше македонското општествено ткиво, лицата на чело на СДС, како Зоран Заев и Венко Филипче и нивните браќа, правеа милиони.

— реклама —

Исто и ДУИ додека се повикуваше на Албанците и себеси се промовираше како нивен најголем и единствен заштитник, Албанците од Македонија масовно се иселуваа. Додека од уста не ги извадија правата на Албанците, раководството на ДУИ меѓу кои Артан Груби, си ги полнеа џебовите. Артан Груби и ДУИ единствено што направија за Албанците е што ги злоупотребија за тие да се богатат.

Додека Артан Груби крадеше, ДУИ ги убедуваше сограѓаните Албанци дека се бори за нив. А, секој изминат ден на ДУИ на власт беше причина повеќе Албанците, исто како и Македонците, да си заминуваат од државата.

— реклама —

Груби и ДУИ секогаш биле само и само за заштита на интересите и џебовите на поединци, а не за Албанците и најмалку за Македонците.

— реклама —

СДС знаеја за криминалот на Груби, на кој прво му дадоа одврзани раце да краде, па потоа му се приклучија и заеднички се богатеа на грбот на народот. И уште една причина поради која СДС молчеше за криминалот на Груби, е затоа што така се држеа на власт.

И се така седум години народот осиромашуваше, државата се пљачкаше, а челниците на СДС и ДУИ се богатеа. Коалицијата на СДС и ДУИ, беше криминална коалиција од интерес за ограбување на Македонија, а за лично богатење на нивните луѓе.

— реклама —

Затоа и се поддржуваа седум години. Но, СДС и ден денес одработува за Груби, кои наместо да се дистанцираат од него и да го повикаат да се врати да се соочи со правдата, тие држат прес-конференции смислувајќи разно разни приказни.

Наместо уште да му служат на Артан Груби, СДС да им се извини на македонските граѓани за сервилноста и грабежот на Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 8 месеци

— реклама —
zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 8 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 9 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања