Промени тема
Контакт

Додик со нови навреди и закани: „Ова е пресметка на муслиманите со христијаните“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
1824715757623c17b1be47d986814189_v4_big

Сменетиот претседател на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека неговата смена и пресудата со која е осуден на една година затвор претставуваат „пресметка на муслиманите со христијаните“.

Toj одбива да ја признае одлуката и бара од Народното собрание на РС распишување референдум за негов останок на функцијата.

Тој најави и нов референдум, за кој вели дека ќе се однесува на статусот на ентитетот:

— реклама —

„Овој пат или РС ќе се доволно оддалечи од Сараево... или РС навистина нема да постои“.

— реклама —

Во гостување на РТРС, Додик изнесе низа спорни тврдења, вклучително и тоа дека „Бошњаците се фрустрирани затоа што потекнуваат од Срби“ и дека Јосип Броз Тито е виновен што во поранешна Југославија муслиманите биле признаени како нација.

Во изјавите, Додик директно навреди и повеќе личности – главниот обвинител Миланко Кајганиќ го нарече „гад“, а судијката Сена Узуновиќ ја спомна по етничка припадност. Британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Лами, го нарече „црнец“, изразувајќи незадоволство од британската политика кон БиХ.

— реклама —

Додик исто така ја нападна Европската унија, тврдејќи дека „станала сериозен проблем“, и се изјасни против „милитаризацијата на Германија“ поради нејзините напори за зајакнување на одбраната пред руската закана.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfs3rec7t5si82dyYAUW

Додик тврди дека на српскиот премиер му бил забранет прелет над БиХ: „Ја преминаа секоја мера“

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryfs3rec7t5si82dyYAUW

Од „нека одговара пред суд“ до „народен херој“: Голем пресврт во ставовите на Додик за Младиќ

Балкан | пред 3 седмици

dodik

Додик се прости од Младиќ: „Лесна ти земја, генерале“

Балкан | пред 3 седмици

media-libraryfs3rec7t5si82dyYAUW

Додик: Во Босна и Херцеговина христијаните се под притисок од муслиманите

Балкан | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања