Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„ДПМНЕ го награди неработењето на Фетаи со унапредување и уште еднаш го понижи македонскиот работник“, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
apasiev

Политичката партија Левица преку соопштение остро реагираше на одлуката на Владата да го именува поранешниот вицепремиер Арбен Фетаи за специјален пратеник за Европската Унија во Брисел, оценувајќи дека наместо да сноси одговорност, тој бил награден со повисока функција.

— реклама —

Од Левица наведуваат дека ваквата одлука испраќа порака дека, според нив, неработењето и неодговорноста не се санкционираат, туку се наградуваат со нови државни позиции и привилегии.

— реклама —

Партијата тврди дека именувањето на Фетаи е резултат на коалициски договори, а не на професионални заслуги, обвинувајќи ја Владата дека државните функции ги користи за политички договори и распределба на позиции меѓу коалициските партнери.

— реклама —

Во реакцијата се наведува дека, додека граѓаните се соочуваат со економски предизвици и ниски примања, функционерите, според Левица, добиваат нови функции и привилегии без да сносат одговорност за своето работење.

— реклама —

Од партијата оценуваат дека ваквите одлуки го нарушуваат угледот на институциите и претставуваат потценување на граѓаните кои, како што велат, чесно ја извршуваат својата работа и ги финансираат институциите преку своите даноци.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: ДПМНЕ го отфрли и не сакаше ниту да дискутира за помали станбени кредити за младите семејства - за наталитетот ќе продолжат да се грижат со „бато и дада“ во читанките

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-library42ebed95ucqh8JHGrNG

„Да не ти упаѓаат дома на проверка дали си навистина болен и да создадат предуслови за наталитет наместо да држат лекции за братче и сестриче“: Левица со два предлог закони

Македонија | пред 1 ден

media-librarycog8ujokoemjbmNfqHv

Левица го тужи МОН: Студентскиот оброк три години не е усогласен со инфлацијата

Македонија | пред 2 дена

Screenshot-2024-04-29-at-09.19.33

Левица: Трети по фемициди, над европскиот просек по полицајци - додека жените во Македонија умираат, власта ги чува во фиока измените на Законот за заштита од семејно насилство

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања