Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Дупка од 10.000 денари во секој семеен буџет е реалноста, а не приказната за “трета економија во Европа”“, велат од ЛДП

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryu7k748g500hd3fWODs9
Фото: ЛДП

Либерално-демократската партија (ЛДП) преку соопштение обвинува дека граѓаните се соочуваат со сè повисоки трошоци за живот, додека владините тврдења за економски напредок не ја отсликуваат реалноста на семејните буџети.

— реклама —

Според партијата, синдикалната потрошувачка кошница за октомври достигнала 70.358 денари, додека за семејствата што живеат под кирија потребните средства за основните трошоци изнесуваат 85.733 денари.

— реклама —

Од ЛДП посочуваат дека разликата од 10.200 денари меѓу владината и синдикалната пресметка е сериозен товар за домаќинствата, бидејќи станува збор за пари потребни за храна, лекови, сметки и други основни потреби.

Партијата оценува дека растот на трошоците го надминува растот на платите и дека граѓаните сè потешко успеваат да го поминат месецот без задолжување или откажување од неопходни производи и услуги.

— реклама —

ЛДП бара конкретни мерки за подобрување на животниот стандард, меѓу кои реален раст на минималната плата, заштита од нагли поскапувања и замрзнување на трговските маржи. Од партијата критикуваат и дека предложените мерки не биле прифатени, а ребалансот на буџетот не нудел соодветни краткорочни и долгорочни решенија за економските предизвици.

— реклама —

„Животниот стандард не се крева со раскажување приказни од владината книга за бајки, туку со реални пари што на крајот од денот мора да останат во џебот на граѓаните“, порачуваат од ЛДП.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypebqacof1jeedQ6yNLf

ЛДП до Мицкоски: Изменете го Кривичниот законик веднаш, имате можност и наша поддршка

Македонија | пред 17 часа

— реклама —
media-librarytck1r2s80ntj6kkhEBq

ЛДП: Хаос, пиши-бриши и институционално лудило - добиваме нови шлаканици од ЕУ додека власта секој ден ги менува законите зад грбот на народот!

Македонија | пред 1 ден

media-library2bg79bitcebr989lcH7

ЛДП: 10.000 граѓани побараа заштита, Собранието мора веднаш да реагира!

Македонија | пред 3 дена

media-library2bg79bitcebr989lcH7

Зајкова објави петиција за воведување електронски нараквици за следење на насилниците

Македонија | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања