Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Двајца кочанчани со метални предмети нападнале жител на Крива Паланка, тој возвратил со киднапирање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryoj0e0n8hasp6dG6Kzlq

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ј.М. (24) и А.М. (21), двајцата од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

— реклама —

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 13 ноември 2025 година кај местото викано „Вила вон град“ во Кочани. Пријавените со тврди и метални предмети физички го нападнале Џ.С. (30) од Крива Паланка, при што му било оштетено и неговото патничко возило.

— реклама —

Во врска со истиот настан, ОВР Кочани поднесе кривична пријава и против Џ.С. (30) од Крива Паланка поради сомнение за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“.

— реклама —

Според пријавата, истиот ден кај „Вила вон град“, тој со употреба на сила го внел А.М. (21) од Кочани во патничко возило и го задржал во него, додека други лица кои се наоѓале на задното седиште физички го нападнале. По нападот, оштетениот бил изваден од возилото, по што напаѓачите заминале од местото.

— реклама —

По целосно документирање на случајот, против сите инволвирани лица се поднесени соодветни кривични пријави.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysg8c8o6i5fqmciQu9mr

Две лица со автомобил се обиделе да прегазат полицајци во Чегране

Македонија | пред 7 минути

— реклама —
media-libraryd1gkjdhbrm0u7RnvdbW

Приведен 56-годишник во валандовско, полицијата му пронашла пушка и муниција без дозвола

Македонија | пред 15 минути

media-library3l2kotb27s0t1BbWf5j

МВР за пет часа казни 221 пешак, санкционирани и 179 возачи

Македонија | пред 1 час

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 22 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања