Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Две лица приведени поради сомнежи за злоупотреба на 80 милиони денари во „Државна лотарија“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Македонија
media-libraryjbkiv0kh7cad1b1MKtK

Управата за финансиска полиција денеска спроведува претреси на повеќе локации, при што две лица се лишени од слобода во рамките на предистражна постапка за сомнежи за финансиски криминал и проневера на буџетски средства во износ од речиси 80 милиони денари.

— реклама —

Овластени службени лица постапуваат по наредби издадени од судија на претходна постапка, во координација и под раководство на надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.

— реклама —

Акцијата е насочена кон откривање и документирање на кривични дела од областа на финансискиот криминал, за кои постојат основи на сомнение дека се извршени од службени лица со цел стекнување противправна имотна корист од големи размери.

Според информациите од Управата за финансиска полиција, со сомнителните дејствија биле проневерени буџетски средства во износ од речиси 80 милиони денари.

— реклама —

Во рамките на акцијата, а согласно насоките на надлежниот јавен обвинител, овластените службени лица лишиле од слобода две лица.

Постапката е во тек, а надлежните институции продолжуваат со преземање дејствија за целосно расчистување и документирање на случајот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarysbq097r26t6cfnUuv4x

Сведокот го смени исказот во случајот „Државна лотарија“, Обвинителството проверува дали имало притисоци

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryqmqd5bfhjklodY1KCRo

Груби излегува од куќен притвор, но останува без пасош – судот одби да го врати и со гаранција

Македонија | пред 2 седмици

artan-grubi

На Артан Груби вечерва му истекува куќниот притвор, судот сè уште не одлучил за враќање на пасошот

Македонија | пред 2 седмици

media-librarysbq097r26t6cfnUuv4x

ВЛТ терминалите останале во магацин, се чекало одобрение од УЈП и Министерството за финансии за нивна употреба, сведочеше директор од Државна лотарија

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања