Жителите на крајбрежното село Агиокампос, во областа Лариса, Тесалија, се во состојба на готовност откако две жени биле каснати од лисица во одделни инциденти во текот на викендот.
Првиот напад се случил во саботата навечер, кога жена била касната од лисица и пренесена во Универзитетската болница во Лариса, каде што ѝ била укажана прва помош и ѝ била дадена превентивна вакцина против беснило.
Вториот инцидент се случил во неделата, кога 17-годишна девојка била нападната од лисица на плажата во Агиокампос. Таа, исто така, била касната и хоспитализирана, каде што добила превентивна терапија против беснило.
Локалните власти велат дека нападите се крајно невообичаени, посочувајќи дека лисиците вообичаено не им се приближуваат толку на луѓето. Тие побарале совет од експерти за диви животни во обид да утврдат што можело да го предизвика ваквото однесување на животното и ја очекуваат нивната понатамошна проценка.