Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Ебола беснее во Конго: Бројот на потврдени случаи надмина 5.000, над 2.300 починати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
ebola-703x422

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго продолжува да се шири, а бројот на потврдени случаи веќе надмина 5.000. Здравствените власти предупредуваат дека досегашните напори за ставање на болеста под контрола не даваат доволни резултати.

— реклама —

Според најновите податоци на Институтот за јавно здравје, досега се регистрирани 5.021 потврден случај на ебола, додека бројот на починати достигна 2.378.

— реклама —

Станува збор за 17. епидемија на ебола во земјата, која кон крајот на јули стана најголема во историјата на Конго според бројот на заразени. Таа сега е втора најголема епидемија на ебола во светот, веднаш зад епидемијата во Западна Африка во периодот од 2014 до 2016 година, и според бројот на случаи и според бројот на починати.

Сегашната епидемија е предизвикана од сојот Бундибуџо, за кој во моментов нема одобрена вакцина или специфичен третман.

— реклама —

Болеста почна забрзано да се шири откако е прогласена епидемијата на 15 мај. Здравствените власти се соочуваат со сериозни пречки, меѓу кои слабата здравствена инфраструктура, нестабилноста во земјата, отпорот на дел од локалното население и протестите на здравствените работници ангажирани во борбата против еболата.

— реклама —

Сите овие фактори дополнително го отежнуваат откривањето на новите случаи, следењето на контактите и спречувањето на понатамошното ширење на смртоносната болест.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

ebola

Епидемијата на ебола во Конго надвор од контрола: Над 5.500 починати и 11.000 заразени

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
ebola

Над 11.000 заразени со ебола во Конго, речиси половина починале

Свет | пред 2 седмици

ebola

Епидемијата на ебола во Конго излегува од контрола, заразени се над 11.000 луѓе

Свет | пред 2 седмици

fajzer-vakcina-vakcinacija-1

Голем чекор во борбата против еболата: Се испитуваат две нови потенцијални вакцини

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања