Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Еболата повторно се шири: Над 1.500 заразени и повеќе од 500 починати во Конго

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
ebola

Во Демократска Република Конго се потврдени 1.561 случај на ебола, од кои 506 завршиле со смртен исход, соопшти Министерството за здравство на земјата.

— реклама —

Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО), актуелната епидемија е поврзана со реткиот сој на вирусот ебола – Бундибугјо.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека ризикот од меѓународно ширење на болеста засега е оценет како низок, но нагласи дека состојбата бара постојано и внимателно следење.

— реклама —

Во меѓувреме, во Конго е започнато и првото клиничко испитување на терапија наменета за лекување на овој сој на ебола. Станува збор за важен чекор во напорите за справување со епидемијата, бидејќи во моментов не постојат одобрени вакцини или третмани за вирусот Бундибугјо.

— реклама —

Во рамки на испитувањето ќе се оценува ефикасноста на лекот MBP134, самостојно и во комбинација со антивирусниот лек ремдесивир. Според СЗО, обезбедени се доволни количини лекови за потребите на истражувањето.

Организацијата соопшти дека води разговори со Соединетите Американски Држави и со фармацевтската компанија „Gilead Sciences“ за лековите да останат достапни и по завршувањето на клиничките испитувања, доколку се покаже дека се безбедни и ефикасни.

— реклама —

Од СЗО информираат дека се бележи и напредок во дијагностиката и третманот. Во земјата веќе функционираат 10 лаборатории за тестирање на ебола, а се следат четири од секои пет идентификувани контакти на заразените лица. Истовремено, капацитетите за лекување се проширени на 650 болнички кревети, од кои околу 96 проценти се веќе исполнети, а во тек се активности за обезбедување дополнителни 300 места за хоспитализација.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

fajzer-vakcina-vakcinacija-1

Голем чекор во борбата против еболата: Се испитуваат две нови потенцијални вакцини

Свет | пред 2 дена

— реклама —
ebola

Преживеан од ебола сега им помага на заразените деца во Конго

Свет | пред 4 дена

ebola

Епидемијата на ебола се прошири во осмата провинција во Конго, над 4.000 починати

Свет | пред 2 седмици

ebola

Четири нови случаи на ебола во Кенија, расте загриженоста во регионот

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања