Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Еболата се шири во Африка: Потврдени 263 случаи во Конго и Уганда

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
ebola-kongo

До крајот на мај во Демократската Република Конго и Уганда се регистрирани 263 потврдени случаи на ебола, соопшти директорот на Африканскиот центар за контрола и превенција на болести, Жан Касеја.

— реклама —

Во авторски текст за „Фајненшл тајмс“, Касеја наведе дека во тек е истрага за повеќе од 1.100 сомнителни случаи, додека 43 лица починале како последица од реткиот сој на вирусот ебола – бундибугио.

— реклама —

Тој ги повика националните системи за управување со кризи брзо да се активираат и да инвестираат во долгорочна подготвеност за идни пандемии.

Според извештаите, актуелната епидемија е 17. регистрирана во Демократската Република Конго и трета по големина откако вирусот беше откриен пред околу 50 години.

— реклама —

Здравствените власти предупредуваат дека недостигаат дури и основни средства за заштита, како што се заштитни маски, а болеста со недели се ширела незабележано.

— реклама —

Поради сериозноста на ситуацијата, Светската здравствена организација прогласи меѓународна јавно-здравствена вонредна состојба поврзана со епидемијата во Демократската Република Конго и Уганда.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

fajzer-vakcina-vakcinacija-1

Голем чекор во борбата против еболата: Се испитуваат две нови потенцијални вакцини

Свет | пред 2 дена

— реклама —
ebola

Преживеан од ебола сега им помага на заразените деца во Конго

Свет | пред 4 дена

ebola

Епидемијата на ебола се прошири во осмата провинција во Конго, над 4.000 починати

Свет | пред 2 седмици

ebola

Четири нови случаи на ебола во Кенија, расте загриженоста во регионот

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања