Промени тема
Контакт

Екстремен топлотен бран ја погоди југоисточна Австралија: Масовни евакуации и температури до 49 степени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
media-library2bause85ja1rbhREJmc
Скопје1.мк

Југоисточна Австралија е зафатена од силен топлотен бран кој драстично ја зголеми опасноста од шумски пожари, поради што на стотици жители во руралните подрачја им е наредена итна евакуација. Градот Мелбурн денеска го очекува најжешкиот ден во последните речиси 17 години, со прогнозирана температура до 49 Целзиусови степени, пренесува Ројтерс.

— реклама —

Австралискиот метеоролошки завод соопшти дека врвот на екстремните горештини се очекува во текот на вторник и среда, по што кон крајот на неделата се прогнозира постепено намалување на температурите. Топлотниот бран значително го подигна нивото на опасност од пожари низ целата држава Викторија, втората најнаселена австралиска држава.

— реклама —

Во регионот Отвејс, брзораспространет шумски пожар веќе зафатил околу 10.000 хектари површина. Надлежните предупредуваат дека силните ветрови, кои се очекуваат подоцна во текот на денот, би можеле дополнително да го разгорат огнот и да загрозат населени места и домови.

„Промената на времето што се очекува околу 17 часот, придружена со навистина силни ветрови, најверојатно ќе предизвика најголема штета и дополнително ќе го распламти пожарот“, изјави Џејсон Хефернан, главен командант на Државната противпожарна служба. Тој додаде дека итните служби посетиле околу 1.100 домови и испратиле текстуални пораки на приближно 10.000 телефонски броеви, со апел жителите веднаш да ги напуштат загрозените подрачја.

— реклама —

Со цел да се намали ризикот од појава на нови пожари, на целата територија на Викторија е прогласена целосна забрана за палење оган на отворено. Поради екстремните температури, организаторите на тенискиот Гренд слем Австралијан опен во Мелбурн најавија дека натпреварите на отворените терени и затворањето на подвижните кровови ќе се одвиваат според посебни протоколи, додека мечевите во тенис во инвалидски колички се одложени за среда.

— реклама —

Во градовите во внатрешноста на земјата се очекува температурите да се приближат до 50 степени. Во малото гратче Ојен, со нешто повеќе од 1.000 жители и сместено на околу 440 километри северозападно од Мелбурн, живата на термометарот би можела да се искачи и до 49 Целзиусови степени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarygal299kgmbs391sF2Ow

(Видео) Австралија преплавена со молци: Она што изгледа како инвазија всушност е охрабрувачки знак

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryclm4cujh0svvdxxcqU9

Мајка во Австралија со нож ги нападнала децата во автомобил, починало петгодишно момче

Свет | пред 1 седмица

media-librarypiitdqq7ifci7cwo7aA

Трагедија во Австралија: Дете пронајдено мртво во автомобил, две деца и жена во критична состојба

Свет | пред 2 седмици

media-librarydemtnjl35n3j5M4Zl4G

(Видео) Човек во костим на Бетмен се искачи на Сиднејската опера

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања