Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Енергетска криза во Романија: Владата воведува мерки за штедење електрична енергија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
struja-4

Романската влада договори доброволно намалување на потрошувачката на електрична енергија со најголемите индустриски потрошувачи, како дел од мерките за справување со енергетската криза предизвикана од екстремната суша и рекордно нискиот водостој на Дунав.

— реклама —

Вршителот на должноста премиер, Илие Боложан, соопшти дека компаниите ќе ја намалуваат потрошувачката во периодот од 19 до 23 часот, кога оптоварувањето на електроенергетскиот систем е најголемо. Истовремено, државните институции ќе го намалат осветлувањето на јавните објекти и, каде што е можно, интензитетот на уличното осветлување.

По средбата со претставници на околу 80 компании, чија годишна потрошувачка надминува 50.000 мегават-часови, Боложан изјави дека мерките ќе бидат приспособени на дејноста на секоја компанија. Дел од нив привремено ќе го запрат производството, додека други ќе продолжат со работа за да не се нарушат технолошките процеси.

— реклама —

Тој апелираше и до граѓаните, компаниите и јавните институции доброволно да ја намалат потрошувачката на електрична енергија, нагласувајќи дека можностите за увоз на струја се ограничени.

— реклама —

Според Боложан, автомобилските производители „Дачија“ и „Форд“ веќе го прекинале производството до 19 август, а сличен чекор се очекува да преземат и други компании.

Романската влада презеде и мерки за обезбедување доволен проток на Дунав кон нуклеарната централа „Чернавода“. Властите отстраниле природна пречка што го ограничувала протокот на вода, а во наредните денови ќе спроведат дополнителни активности за подобрување на дотокот.

— реклама —

Боложан предупреди дека енергетската криза не ја погодува само Романија. Поради намаленото производство во нуклеарните централи, енергетски дефицит има и во Унгарија, Србија, Бугарија, Романија и Молдавија, што дополнително ја усложнува состојбата во регионот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryf60ounp7vfpt54rU6kP

Романија враќа нуклеарен реактор на мрежата: Се очекува подобро снабдување со електрична енергија

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-library8922i6mh58k54UPlfRM

Брод погоден со дронови кај Романија: Еден загинат, тројца исчезнати

Свет | пред 3 седмици

tajvan-voeni-avioni

Романија собори две беспилотни летала над Црното Море

Балкан | пред 3 седмици

media-libraryoebp5fhvmggv6zBjIQZ

Романија крена тревога среде ноќ поради воздушна цел што се движела кон нејзината граница

Свет | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања