Промени тема
Контакт

Епидемијата на ебола во Конго се шири: над 7.800 заразени и речиси 3.800 починати

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Свет
ebola

Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго продолжува да се шири, при што досега случаи се регистрирани во 63 здравствени зони во седум од вкупно 26 провинции во земјата.

Според најновите податоци на Светската здравствена организација, заклучно со 23 септември биле потврдени 7.890 случаи на зараза, додека починале 3.799 лица. Смртноста меѓу потврдените случаи изнесува околу 48 отсто. Од почетокот на епидемијата се опоравиле 1.966 пациенти.

— реклама —

Меѓу најновите подрачја во кои е потврдена заразата се Булу во провинцијата Суд-Убанги и Дунгу во провинцијата О-Уеле, во близина на границата со Јужен Судан.

Најпогодена е провинцијата Итури, каде што се регистрирани 6.032 потврдени случаи. Следува Северен Киву со 1.480 случаи, каде што е забележана и особено висока стапка на смртност од речиси 60 отсто.

— реклама —

Демократска Република Конго ја прогласи епидемијата на 15 мај годинава. Станува збор за 17. регистрирана епидемија на ебола во земјата откако вирусот бил идентификуван во 1976 година. Актуелната епидемија ја предизвикува вирусот Бундибугио.

— реклама —

Само на почетокот на септември биле потврдени 6.757 случаи и 3.267 смртни случаи, што покажува значително зголемување на бројот на заразени и починати во последните недели.

Светската здравствена организација предупредува дека вооружените конфликти, несигурноста и раселувањето на населението дополнително ја отежнуваат борбата против епидемијата. Поради тоа, здравствените работници имаат ограничен пристап до одредени подрачја, што го отежнува пронаоѓањето на заразените и следењето на нивните контакти.

Заклучно со 23 септември, повеќе од 32.000 лица требало да бидат под надзор поради можен контакт со заразени. Во претходните 24 часа биле проверени околу 27.000 контакти.

СЗО и натаму го оценува ризикот во самата Демократска Република Конго како многу висок, додека за соседните земји е проценет како висок. Засега организацијата не препорачува ограничувања на патувањата или трговијата со погодените земји.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

ebola

Четири нови случаи на ебола во Кенија, расте загриженоста во регионот

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-libraryrmm7u1og4gqh2Etpspm

Кенија го потврди третиот случај на ебола, заразена е 65-годишна жена

Свет | пред 1 ден

ebola

Кенија го потврди првиот случај на ебола, пациентот починал

Свет | пред 1 седмица

ebola

Најсмртоносна епидемија на ебола во историјата на Конго: над 8.000 заразени и речиси 4.000 починати

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања