Промени тема
Контакт

Ердоган: Израелските потези во Сирија и Либан се закана и за Турција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
erdogan-3

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека израелските воени дејствија во Сирија и Либан имаат последици и за други држави во регионот, вклучително и за Турција.

„Безбедноста на Турција не почнува во Хатај, туку во Алепо, Дамаск и Бејрут“, порача Ердоган, додавајќи дека Анкара нема да толерира „свршени чинови“ во земјите што ги смета за братски и нема да остане нем набљудувач на, како што рече, агресијата.

— реклама —

Турскиот претседател го обвини Израел дека се води од „илузијата за Ветената земја“ и предупреди дека доколку не биде запрено „израелското разбојништво“, последиците ќе ги почувствува целиот регион и светот.

На овие изјави реагираше израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“ и порача дека тој е „последната личност што може да ѝ држи морални лекции на Државата Израел“.

— реклама —

Нетанјаху истакна дека Израел ќе продолжи „решително да дејствува против Иран и неговите сојузници“.

— реклама —

Турција веќе подолг период е меѓу најгласните критичари на израелските воени операции во Газа, Иран и Либан. Ердоган претходно ја прекина трговската размена со Израел и ја повика меѓународната заедница да преземе построги мерки против израелската држава.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryefjuv031ajk575HyM6x

(Видео) Ердоган одржа говор во ОН, Израелци станаа и излегоа

Свет | пред 6 дена

— реклама —
media-libraryrov3e5g348259cQVVDu

Ердоган: ОН повеќе не можат да ја исполнуваат својата мисија, потребна е реформа на Советот за безбедност

Свет | пред 1 седмица

erdogan-1

Ердоган со остро предупредување до Грција: „Престанете да ги вооружувате островите или ќе научите лекција од историјата“

Свет | пред 3 седмици

media-library1qg134pql4pja2SehEN

Ердоган го повика Трамп: „Доналде, продолжи ги преговорите со Иран“

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања