Промени тема
Контакт

Ерупцијата на вулканот Етна направи хаос на Сицилија: Откажани 700 летови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
etna

Новата ерупција на вулканот Етна предизвика сериозни нарушувања во воздушниот сообраќај на Сицилија, а најпогоден е аеродромот во Катанија.

— реклама —

Во периодот од 8 до 11 август биле откажани околу 700 летови, додека, според податоците на управата на аеродромот, денес се очекува откажување на уште 52 лета. Повеќе од 250 авиони биле пренасочени кон други аеродроми на Сицилија.

Од почетокот на нарушувањата, повеќе од 100 летови слетале во Комизо, додека само вчера околу 50 авиони биле пренасочени кон Палермо, а 22 кон аеродромот во Трапани.

— реклама —

Компанијата САК, која управува со аеродромот во Катанија, потврди дека операциите се прекинати поради ширењето на вулкански пепел во атмосферата. Сите полетувања и слетувања во Катанија се прекинати до утре во 16 часот.

— реклама —

Од управата на аеродромот ги повикаа патниците да не доаѓаат без претходно да го проверат статусот на својот лет кај авиокомпанијата.

Вулканот Етна од петокот исфрла големи количества пепел и жешки карпи. Според Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија, густи текови на лава излегуваат од два отвора на височина од 2.360 и 2.750 метри.

Во текот на ноќта се отворил и нов отвор на височина од околу 1.900 метри. Етна, најактивниот вулкан во Европа, е висок повеќе од 3.300 метри и внимателно се следи поради честите ерупции.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryi0s2jklui7v87qLwO9e

(Видео) Ерупцијата на Етна повторно го затвори аеродромот во Катанија, откажани сите летови

Свет | пред 2 седмици

— реклама —
uploads_thumbs_resize_800x420_377935

Етна исфрла вулкански пепел: прекинати сите летови од аеродромот во Катанија

Свет | пред 2 седмици

media-libraryo9kq7a64b7emf3eWRB0

Засилена активност на Етна: предупредување за авијацијата, аеродромот во Катанија останува отворен

Свет | пред 3 седмици

media-libraryo9kq7a64b7emf3eWRB0

Етна повторно активна: Вулканскиот пепел го наруши воздушниот сообраќај на Сицилија

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања