Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Ескалација на границата: Жртви, евакуации и меѓусебни обвинувања меѓу Тајланд и Камбоџа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 часа -

Свет
media-libraryeup3jiucg1752DkxVlZ

Борбите меѓу Тајланд и Камбоџа околу спорното гранично подрачје продолжуваат со несмалена жестина, а бројот на загинати расте додека илјадници жители се принудени да ги напуштат своите домови. Камбоџа соопшти дека уште двајца цивили биле убиени во ноќно гранитирање, со што бројот на жртвите кај нив се искачи на шест. Тајланд, пак, потврди дека загинал најмалку еден негов војник.

— реклама —

Двете држави се меѓусебно се обвинуваат за нарушувањето на кревкото примирје постигнато во јули под покровителство на американскиот претседател Доналд Трамп, јавува BBC.

Според камбоџанското Министерство за одбрана, тајландските сили отвориле оган врз провинцијата Бантеи Минчеј по полноќ, кога биле убиени двајца цивили на пат. Претходно, во гранитирањето на провинциите Преах Вихеар и Оддар Минчеј загинале уште четири лица, соопшти министерот за информации Нет Пхеактра.

— реклама —

Тајландската страна тврди дека само возвратила на камбоџански напад во провинцијата Убон Рачатани и дека покренала воздушни операции насочени исклучиво кон воени цели. Портпаролот на тајландското Министерство за одбрана, контраадмирал Сурасан Конгсири, нагласил дека нападите се прецизно таргетирани.

Поранешниот камбоџански премиер Хун Сен објави на Фејсбук дека камбоџанските сили возвратиле „синоќа и изутрина“, наведувајќи дека биле „стрпливи повеќе од 24 часа за да го почитуваат примирјето“. Неговата влада повторно ја обвини Тајланд за употреба на тенкови и отровен гас – обвинувања кои и претходно се покажале како неосновани.

Тајландските власти денеска потврдија дека во воздушните напади погодиле казино-комплекс во Камбоџа кој, според нив, бил користен како „команден центар за дронови“. Не е познато дали во зградата имало луѓе во моментот на нападот, а камбоџанските власти засега не коментираат.

Новиот бран насилство предизвика егзодус на илјадници жители од обете страни на границата. Пограничните заедници живеат под постојан страв. Жител на тајландската провинција Си Са Кет за BBC Thai изјави: „Ова е вистинска агонија – целиот ден сум во страв.“ Местната земјоделка Пранее Ра-нгабпаи додава дека нејзиниот дом е премногу близу до огнот и дека „пукањето јасно се слуша“.

Додека многумина побегнале, дел од жителите одлучиле да останат за да ги чуваат имотите на соседите. „Останав за да спречам кражби,“ вели 49-годишниот земјоделец Сутиан Пјевчан, кој тврди дека пукотниците не престануваат од рано утро.

Како последица на судирите, најмалку три болници во тајландската провинција Убон Рачатани и две во провинцијата Сурин се затворени, а пациентите се пренесуваат во привремени амбуланти. UNICEF изрази загриженост и порача дека „безбедноста и благосостојбата на децата мора да бидат приоритет“.

Ова е најсериозната ескалација од јули, кога во петдневните судири загинаа десетици луѓе. Насилството го тестира и мирoвниот договор потпишан во октомври во присуство на претседателот Трамп, кој тогаш го нарече „историски успех“. Камбоџа дури го номинираше за Нобелова награда за мир.

Тајландскиот премиер Анутин Чарнвиракул порача дека „ќе бидат употребени сите неопходни средства за зачувување на суверенитетот“, додека Хун Сен го обвини Тајланд за „агресија“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Tajland-FB

По нарушено примирје: нови судири и воздушни напади меѓу Тајланд и Камбоџа

Свет | пред 1 ден

media-libraryc96r15v2mbnm8Lh2S6I

(Видео) Син на британски милионери уапсен во Бангкок – во куфер му пронашле 9 килограми дрога, му се заканува смртна казна

Свет | пред 2 месеци

Tajland-FB

Тајланд и Камбоџа – ново воено жариште, ракетата погодила продавница, загинаа цивили!

Свет | пред 4 месеци

bangkok-zemjotres

Тајланд и Мјанмар погодени од разорен земјотрес

Свет | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања