Промени тема
Контакт

Тајланд го скратува безвизниот престој за туристите од ЕУ: од 60 на само 30 дена

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
thailand-20653761920-830x0-1

Тајланд од 15 септември ќе го скрати дозволениот безвизен престој за туристите од Европската Унија од 60 на 30 дена, потврдувајќи ги претходните најави за заострување на правилата за влез во земјата.

— реклама —

Промената ќе опфати туристи од повеќе од 60 земји и територии, а како причина властите го наведуваат зголемениот број сериозни кривични дела во кои учествувале странски државјани. Локалните медиуми известуваа за апсења на странци поради трговија со дрога и луѓе, како и незаконско работење на хотели, училишта и други бизниси без потребните дозволи.

— реклама —

Досега државјани на повеќе од 90 земји, меѓу кои и 29 земји од шенгенскиот простор, можеа да престојуваат во Тајланд до 60 дена без виза. За дел од нив, меѓу кои се и земјите од ЕУ, рокот сега ќе биде преполовен.

— реклама —

Туристите кои сакаат да останат подолго ќе имаат можност еднаш да побараат продолжување на престојот, за што одлучува службеникот за имиграција. Друга можност е визата „Destination Thailand“ (DTV), која овозможува престој до 180 дена и може да се продолжи за уште 180 дена. За неа е потребен доказ за најмалку 500.000 бати, односно околу 13.000 евра, на банкарска сметка.

— реклама —

Промените доаѓаат во период кога туризмот, кој придонесува со повеќе од 10 отсто во БДП на Тајланд, сè уште се опоравува од последиците на пандемијата. Од почетокот на годинава земјата ја посетиле речиси 21 милион странски туристи, што е околу три отсто помалку во споредба со истиот период лани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryru33gus5snuq208c5cg

Британски инфлуенсер починал по третман за зголемување на половиот орган: Тајландска клиника под истрага

Свет | пред 3 седмици

— реклама —
media-libraryidm2586mhd6nefsNU0G

Татко и две деца исчезнале на море во Тајланд, спасувачите ги пронашле по 16 часа

Свет | пред 1 месец

media-libraryjgrj1sn63jq9cPnReFx

Тајланд привремено ги запира дозволите за оружје по масакрот во училиште

Свет | пред 1 месец

media-librarys1l08j67t4gi9ogCBCf

(Видео) Поранешен тајландски пратеник осомничен за убиство: По пукањето се јавил во емисија во живо и признал што направил

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања