Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Ескалација на воздушните напади: Тројца загинати во Киев, Москва тврди дека соборила 201 украински дрон

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-library4bb6t509i29t0ECHASx

Руските и украинските сили во текот на ноќта извршија нова серија масовни воздушни напади, при што има жртви и повредени во Киев, додека Москва тврди дека кон рускиот главен град биле насочени стотици украински беспилотни летала.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, соопшти дека руските сили извршиле ракетен напад врз украинскиот главен град, при што избувнале пожари во најмалку два квартови. Според досегашните информации, загинале најмалку три лица, а повеќе од 10 се повредени. Воздушната тревога во Киев се огласила околу 2 часот по полноќ.

— реклама —

Украинските власти соопштија дека нивната противвоздушна одбрана соборила три руски ракети и речиси 100 беспилотни летала.

— реклама —

Во исто време, градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави дека во текот на ноќта кон Московскиот регион биле насочени околу 600 украински дронови.

Според него, руската противвоздушна одбрана уништила 201 беспилотно летало, додека повеќето од останатите биле пресретнати пред да стигнат до регионот.

— реклама —

Во нападите бил погоден и магацин во сопственост на рускиот онлајн трговец „Вајлдберис“.

— реклама —

„Од вчеравечер до 6:30 часот утринава, 600 дронови летаа кон Московскиот регион, од кои 201 беа уништени“, напиша Собјанин.

Русија во последните недели ги засили воздушните напади врз Украина, додека украинските сили сè почесто ги таргетираат руските логистички и други објекти, со цел да го нарушат воениот транспорт и снабдувањето.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjjqspgvuka6tamt3fMl

Русија трипати нападна објект на „Нафтогас“ во централна Украина

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-library6beh2hrj8fts0NyQ2Ak

(Видео) Украина испратила 28 копнени роботи во напад врз руски позиции кај Лиман

Свет | пред 9 часа

kremlj-moskva

Кремљ го објави составот на руската делегација за преговорите со САД и Украина

Свет | пред 12 часа

moskva-na

Москва најави „болен“ одговор кон Австрија по протерувањето на руски дипломати

Свет | пред 13 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања