Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„ЕСМ е бунар без дно за богатење на нивните соработници“ – Левица бара интерпелација за Божиновска

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Македонија
media-libraryause4bmm8edh2rntJxt

Пратениците на Левица бараат Собранието да изгласа интерпелација за министерката за енергетика Сања Божиновска, обвинувајќи ја дека не презела соодветни мерки за подобрување на состојбите во електроенергетскиот сектор и заштита на интересите на граѓаните.

— реклама —

Пратеникот Амар Мециновиќ упати критики за досегашното работење на министерката, оценувајќи дека и покрај искуствата од претходните енергетски кризи, надлежното министерство не успеало да ги реши проблемите во секторот.

— реклама —

„Ова министерство дојде откако ги преживеавме едни од најстрашните кризи на континентот, знаеше што требаше да преземе за да го заштити интересот на граѓанинот. Но гледаме само премолчувања со кои се храни овој електроенергетски систем“, изјави Мециновиќ.

Тој се осврна и на финансиската состојба на државната компанија ЕСМ, тврдејќи дека таа има долгови од милиони евра и дека состојбите не се подобрени ниту по две години од доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт.

— реклама —

„Очигледно е дека никогаш не била ни намера да се консолидира ЕСМ. Го третираат само како бунар без дно за богатење на нивните соработници“, рече Мециновиќ.

— реклама —

Со ваквите обвинувања, Левица ја доведува во прашање одговорноста на министерката за управувањето со енергетскиот сектор и бара пратениците да се изјаснат за интерпелацијата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library427q3l4ohrij3SeTTZ8

Мециновиќ: ДПМНЕ го исклучи народот од одлучувањето за сопствените пари – не прифати ниту еден од 124-те амандмани на опозицијата за ребалансот на Буџетот

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-library18upq891un01d3EMkie

(Видео) Мециновиќ: Сите стратешки објекти да ги чува АРМ - Левица ќе предложи закон за критична инфраструктура

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryscpj1ufrtri04wSSo3H

(Видео) Мециновиќ: Уставниот суд сака да го потврди авторитаризмот на власта преку Изборниот законик - не е грев да бараш рамноправност

Македонија | пред 4 месеци

media-library1reeqs0g6crr3GP6mMN

„Платеното политичко рекламирање треба да се укине и парите да се насочат за амбулантни возила и онкологија“, вели Мециновиќ

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања