Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мециновиќ: ДПМНЕ го исклучи народот од одлучувањето за сопствените пари – не прифати ниту еден од 124-те амандмани на опозицијата за ребалансот на Буџетот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 42 минути -

Македонија
media-library427q3l4ohrij3SeTTZ8

Пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ, ја критикуваше власта поради одбивањето на сите 124 амандмани поднесени од опозицијата за вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година. Според него, со ваквиот однос ВМРО-ДПМНЕ ги исклучува граѓаните од одлучувањето за трошењето на јавните средства.

— реклама —

Мециновиќ посочи дека ребалансот се носи само два месеци по претходниот, а неколку дена пред расправата за Буџетот за 2027 година, што, според него, отвора прашања за планирањето на јавните финансии.

— реклама —

Меѓу одбиените предлози, како што наведе, имало амандмани за следење на загадувачите, социјална заштита и инфраструктура, набавка на нови автобуси за Скопје, како и средства за проблемите со рудниците во југоисточниот дел на државата и проектите „Чебрен“ и „Галиште“.

— реклама —

„Буџетот на Р. Македонија не е партиска сопственост, иако Владата на ВМРО-ДПМНЕ така го перципира“, изјави Мециновиќ, оценувајќи дека владејачкото мнозинство ги става политичките интереси пред потребите на граѓаните.

— реклама —

Од Левица сметаат дека вториот ребаланс покажува отсуство на развојна економска политика и најавуваат дека нема да го легитимираат, како што го оценија, недемократскиот процес на носење на Буџетот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryause4bmm8edh2rntJxt

„ЕСМ е бунар без дно за богатење на нивните соработници“ – Левица бара интерпелација за Божиновска

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-library18upq891un01d3EMkie

(Видео) Мециновиќ: Сите стратешки објекти да ги чува АРМ - Левица ќе предложи закон за критична инфраструктура

Македонија | пред 3 месеци

media-libraryscpj1ufrtri04wSSo3H

(Видео) Мециновиќ: Уставниот суд сака да го потврди авторитаризмот на власта преку Изборниот законик - не е грев да бараш рамноправност

Македонија | пред 4 месеци

media-library1reeqs0g6crr3GP6mMN

„Платеното политичко рекламирање треба да се укине и парите да се насочат за амбулантни возила и онкологија“, вели Мециновиќ

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања