Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ЕУ и НАТО планираат „воен Шенген“ вреден 100 милијарди евра

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
media-librarylk7sdks785005WKdiE3

Европската Унија и НАТО договориле инфраструктурен проект вреден 100 милијарди евра, со кој треба да се постават темелите на таканаречен „воен Шенген“ за побрзо движење на трупи и воена опрема низ Европа, изјави европскиот комесар за транспорт и туризам Апостолос Цицикостас на конференција во Атина.

— реклама —

Проектот, како што објасни Цицикостас на самитот „Energy Transition Summit: East Med & Southeast Europe“, организиран од Financial Times во партнерство со Катимерини, предвидува развој на 500 „жешки точки“ каде во следните три до четири години ќе се создава или зајакнува инфраструктура за воена мобилност, пишува Екатимерини.

— реклама —

Според него, тоа значително ќе го забрза времето потребно за пренос на војници и воена опрема од еден до друг дел на ЕУ, како за воени вежби, така и во случаи на итни ситуации.

— реклама —

Цицикостас најави и формирање заедничка резерва, односно „пул“ на воена опрема, по примерот на европскиот механизам за цивилна заштита.

— реклама —

Тој посочи дека регулативата треба да биде готова до 2027 година, а инфраструктурата до почетокот на 2030 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library851tjhhenkmca40ntaI

Калас сака да ја претставува ЕУ во преговорите за Украина: Русите не ме сакаат на преговарачката маса

Свет | пред 1 час

— реклама —
media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp

ЕУ бара место на преговарачката маса, Кремљ вели дека е подготвен за дијалог

Свет | пред 6 часа

gradeznistvo-1024x448

Становите во Европа стануваат сè понедостапни: Цените растат побрзо од платите

Свет | пред 3 дена

grozje-1-500x330-1

ЕУ повторно размислува за укинување на забраната за шест американски сорти грозје

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања