Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

ЕУ подготви одговор на првите царини на Трамп: сите детали се објавени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
ursula-1

Сите 27 земји-членки на Европската унија се очекува да одобрат сеопфатна листа на американски производи кои ќе бидат предмет на царини почнувајќи од следната недела, како одговор на царината од 25 отсто што ја наметна актуелниот американски претседател Доналд Трамп за европскиот челик и алуминиум минатиот месец.

Европските тарифи ќе се воведат во три фази:

— реклама —

Од вторник, 15 април, планирано е да се воведат тарифи од 25 проценти на првичната листа на производи, на која се очекува да бидат мотоцикли, луксузни чамци и сок од портокал.

— реклама —

Оригиналната листа вклучуваше и американски бурбон, вино и млечни производи, но тие беа отстранети по лобирањето од европската винска индустрија.

Првично, овие мерки требаше да стапат на сила на 1 април, но беа одложени за да се остави простор за преговори. Сепак, Трамп веднаш го отфрли предлогот на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за договор без царини.

— реклама —

Втората фаза, која ќе започне во средината на мај, ќе опфати текстил, кожни производи, јајца, забен конец и живина.

— реклама —

Третата фаза е закажана за 1 декември, кога ќе се воведат контрамерки за американските производи од соја и бадеми. Сојата, која се користи како добиточна храна, има најголема извозна вредност меѓу американските земјоделски производи извезени во Европа.

Во меѓувреме, денеска стапија на сила новите американски царини од 20 отсто за увозот од ЕУ, но овие европски контрамерки за кои денеска се гласаше во Брисел не се однесуваат на овие последни потези на Трамп. Европската комисија подготвува дополнителни контрамерки кои би можеле да бидат објавени веќе следната недела.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryt4a022nboc6i9oBv1BJ

Венс ги смирува Американците по гласините за 90-дневен прекин на струјата: Нема причина за паника

Свет | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryukt29lv5lpm41zr2p4K

Одборот на Трамп предупредува на неуспех на примирјето: Газа ја очекува уште една зима во шатори и урнатини

Свет | пред 1 ден

media-libraryvrde277rr2p394ARYwI

Прекин во безбедносната комуникациска мрежа на НСА, засега нема докази за кибернапад

Свет | пред 2 дена

media-librarylk9kgmbun1p98ygMpxX

(Видео) Трамп: Путин би можел да биде многу построг кон Украина

Свет | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања