Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

ЕУ трајно блокира 210 милијарди евра руски средства додека Москва не плати оштета

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
putin

ЕУ донесе одлука трајно да ги блокира 210 милијарди евра средства на Руската централна банка. Мерката се темели на член 122 од Договорот на ЕУ, кој овозможува одлука со квалификувано мнозинство и без право на вето. Целта е да се спречи враќање на средствата додека Москва не исплати воена оштета на Украина.

— реклама —

Најголемиот дел од средствата, околу 185 милијарди евра, се наоѓаат во „Евроклир“ во Брисел, а останатите 25 милијарди — во приватни банки. Досега имобилизацијата се обновуваше на секои шест месеци, што ја правеше ранлива на блокади.

— реклама —
— реклама —

Европската комисија ја оправдува одлуката со економските последици од руската инвазија, тврдејќи дека е неопходно да се спречи ослободување на средствата за да се заштити економијата на ЕУ. Деблокада ќе биде можно само кога ќе престанат ризиците и кога Русија ќе плати оштета на Украина.

— реклама —

Одлуката доаѓа и во контекст на загриженост дека надворешни фактори би можеле да се обидат да влијаат врз користењето на средствата. Белгија, како главен чувар на замрзнатите средства, и понатаму има забелешки и бара правни доработки пред самитот на 18 декември, на кој лидерите на ЕУ треба да решат како да обезбедат дополнителни 90 милијарди евра за Украина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 6 часа

— реклама —
media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 8 часа

ruski-vojnik-rusija-

Над 450.000 загинати Руси во војната во Украина, протекоа податоци од руската агенција за статистика

Свет | пред 16 часа

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Дмитриев: Зеленски отсекогаш бил против Трамп и мировните иницијативи

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања