Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

European Eye Hospital ги отфрли обвинувањата: Никогаш не сме оштетиле пациент

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-libraryvphn764f3uvpdGzEO3k
Фото: ФБ / European Eye Hospital

Очната болница „European Eye Hospital“ од Скопје реагираше на информациите што денеска беа објавени на повеќе интернет-портали, во кои установата беше поврзувана со случајот со приватна болница која на пациенти им наплаќала операции на очи, иако интервенциите биле платени од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО). Од болницата објавените информации ги оценуваат како невистинити и најавуваат дека ќе преземат сè што е во нивна моќ за да се утврдат фактите и вистината да излезе на виделина.

— реклама —

Во своето соопштение, болницата нагласува дека е подготвена за целосна соработка со надлежните институции, како што, според нив, било и досега.

— реклама —

Од „European Eye Hospital“ категорично тврдат дека никогаш не оштетиле пациент, ниту од здравствен, ниту од морален или финансиски аспект.

— реклама —

Од установата посочуваат дека и покрај тоа што повеќе од една година немаат поддршка од Фондот за здравствено осигурување, успеале да го задржат квалитетот на услугите, хуманиот пристап и достапните цени на офталмолошките интервенции.

Истовремено, упатија јавен повик до интернет-порталите да им овозможат на надлежните институции непречено да ја завршат својата работа, апелирајќи на професионално известување и почитување на законите, интегритетот и достоинството на сите засегнати.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryccu8ujngcvjpbPTx5m8

Фиктивни фактури, двојна наплата и перење пари: Голема истрага за приватна болница и функционери на ФЗО

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryv4vg6rju59a4eQBg3Dc

Пациентите плаќале операции на очи што Фондот веќе ги покрил – нови детали за полициската акција во приватна болница и ФЗО

Македонија | пред 1 ден

media-library2134fukbmijn44fCdg3

Ден Дончев првопријавен во нова полициска акција: Претреси во приватна болница, ФЗО и над 10 локации - има сомнежи за милионски злоупотреби

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања