Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Евакуиран авион на „Ер Србија“ во Сплит по дојава за бомба, уапсен 75-годишник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Балкан
media-libraryor0v9a9fvj2q5gnjhBc
Photo by Sevcan Alkan on Unsplash

Авион на „Ер Србија“, кој попладнево требало да полета од Сплит за Белград, бил евакуиран откако 75-годишен патник му кажал на персоналот дека во авионот има бомба. Патникот потоа рекол дека се шегувал.

Полицијата го уапсила, а по извршениот противексплозивен преглед на авионот, патниците и багажот било утврдено дека нема експлозивна направа.

— реклама —

Сплитско-далматинската полиција соопшти дека авионот по завршениот преглед ја напуштил аеродромската зграда и нешто пред 19 часот полетал кон Белград.

„На аеродромот во Сплит е извршен противексплозивен преглед на авионот, патниците и багажот. При прегледот не е пронајдена експлозивна направа, по што авионот со патниците го напушти аеродромот“, соопшти полицијата.

— реклама —

Против 75-годишниот маж е во тек криминалистичка истрага поради сомнение за предизвикување лажна тревога.

Авионот требало да полета во 15:20 часот. Полицијата претходно соопшти дека околу 15:25 часот, додека се наоѓал во авионот пред полетувањето, мажот му кажал на персоналот дека во авионот има бомба, а потоа рекол дека се шегува.

— реклама —

Авионот бил испразнет, по што полицијата започнала детален преглед на леталото, патниците и багажот.

Еден од патниците изјавил дека во авионот одеднаш влегле неколку полицајци, дел во униформи, а дел во цивилна облека. Според него, полицајците го извеле мажот кој седел во третиот или четвртиот ред.

Патниците во почетокот не знаеле што се случува, а кога еден од нив ја прашал стјуардесата за објаснување, таа одговорила дека патникот го споменал зборот „бомба“.

Поради страв, неколку патници го напуштиле авионот, а пилотот околу 15:40 часот преку разгласот ги известил сите дека мора да излезат бидејќи леталото треба да биде проверено од безбедносни причини.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryq9s7u9mu8rvqe9nbPVH

Новинари прикажани обесени на дрво: хрватската полиција упаси функционер поради закани кон 11 новинари

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryn1rmsm11nfn8dXvEi5G

„Мажите ми го плаќаа кокаинот за да бидат во мое друштво“ – потресна исповед на поранешната пејачка

Сцена | пред 3 дена

media-library9dk9tqncu150fQrRGvs

„Слатка“ заплена на границата меѓу Хрватска и Србија: возач на камион скрил 400 тегли Нутела

Балкан | пред 4 дена

srbija-protesti

Хрватска ги повика граѓаните да ги одложат непотребните патувања во Србија пред изборите

Балкан | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања