Промени тема
Контакт

Евроинтеграциите повторно приоритет: Расте довербата во ЕУ, се бара консензус дома

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
media-libraryqmhsc6a444o5aOEgpvH

По долг период на стагнација и скепса, поддршката за членство на Македонија во Европската Унија повторно бележи значителен раст. Според најновото истражување на Институтот за демократија „Социетас цивилис“, дури 71 отсто од граѓаните го поддржуваат приклучувањето кон ЕУ, што претставува зголемување од речиси 10 проценти во однос на минатата година.

На презентацијата на истражувањата „Анализа на јавното мислење за пристапување во ЕУ (2014–2025)“ и „Нови глобални неизвесности, стари европски обврски“, одржана во Собранието, евроамбасадорот во Скопје Михаил Рокас оцени дека земјата има целосна поддршка за членство, но дека клучниот предизвик останува внатрешното обединување околу евроинтегративниот процес.

Според Рокас, за да се искористи актуелниот политички момент, неопходна е широка политичка и општествена согласност – од институциите и опозицијата, преку граѓанскиот сектор, до деловната заедница и младите. Тој нагласи дека иако дел од јавноста надворешните фактори ги гледа како главна пречка, внатрешниот консензус е пресуден за надминување на останатите бариери.

— реклама —

„Ако постигнеме единство, пречките ќе се надминат. Не станува збор само за можност, туку за специфичен политички момент кој не може да се споредува со претходните години“, порача Рокас.

Истражувањата покажуваат дека Европската Унија и понатаму е партнер со најголема доверба кај македонските граѓани. Забележлив е растот на поддршката кај младите, како и намалувањето на етничките и политичките разлики во однос на европската перспектива. Меѓу најважните приоритети што ги издвојуваат граѓаните се владеењето на правото, борбата против корупцијата и заштитата на животната средина.

— реклама —

Директорот на Институтот за демократија, Марко Трошановски, оцени дека зголемената поддршка е резултат на променетото јавно расположение и новите геополитички околности. Според него, во услови на зголемена неизвесност во глобалната политика, ЕУ се перципира како најстабилен и најдоверлив партнер.

— реклама —

„Сè повеќе граѓани ја гледаат Македонија како дел од Западот. Во исто време, опаѓа бројот на оние што сметаат дека земјата веќе направила доволно и дека не се потребни дополнителни напори“, истакна Трошановски, предупредувајќи дека очекувањата за автоматска промена на условите за уставни измени се нереални.

Податоците укажуваат дека европската интеграција повторно станува приоритет за мнозинството граѓани, вклучително и кај гласачите на ВМРО-ДПМНЕ, што аналитичарите го поврзуваат со нивното доаѓање на власт. По години на дилеми и колебања, ЕУ-перспективата повторно се наметнува како доминантна насока за иднината на земјата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library02i35qhog8thag61W4q

ЕУ разгледува итни мерки за масовен прилив на мигранти

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-library51bbtg2c7kaa8ggtITP

Цената на гасот над 70 евра: ЕУ повикана да ја намали потрошувачката

Свет | пред 4 дена

mkd-429029

Фон дер Лајен добива критики од сопствениот табор за вештачката интелигенција

Свет | пред 6 дена

media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

ЕУ воведува дигитален идентитет: Личните документи и дипломите ќе се чуваат на телефон

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања