Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Европа под топлотен бран: Франција воведува кризен режим

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
Toploten-bran

Франција е погодена од најраниот топлотен бран во повеќе од еден век, при што во еден ден биле урнати повеќе од 300 температурни рекорди, а температурите достигнале и до 37 степени Целзиусови.

Највисоката температура била измерена во местото Сор-Осгор, каде што биле регистрирани 36,9 степени, со што е изедначен рекордот од 1996 година.

— реклама —

Меѓу најекстремните случаи се наведува и Роморантен во департманот Лоар и Шер, каде што се измерени 33,8 степени – највисока мајска температура во последните 105 години мерења.

На локацијата Кап де ла Ев бил забележан рекорд од 32,4 степени во 135-годишната историја на мерењата, додека во повеќе градови на југозападот и западот на Франција температурите надминале 35 степени.

— реклама —

Францускиот премиер Себастијан Лекорни најави дека во четврток ќе се одржи состанок на меѓуресорски кризен штаб, на кој ќе се разгледува подготвеноста на државните служби за актуелниот топлотен бран.

— реклама —

На состанокот ќе учествуваат министрите за внатрешни работи, здравство, правда, екологија, образование и локална самоуправа.

Министерката за здравство Стефани Риш предупреди дека за време на екстремни горештини се неопходни претпазливост и одговорно однесување, наведувајќи дека неодамнешните смртни случаи за време на спортски активности претставуваат дополнителен аларм.

Таа апелираше граѓаните да се придржуваат до основните мерки за заштита, како што се редовна хидратација и прилагодување на физичките активности на временските услови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhvm3g4jisu4n9kiI4UJ

Објавена листата на најопседнати градови во светот – на врвот е европска престолнина

Вирално | пред 1 седмица

— реклама —
market-pari

Европа сè позагрижена за животниот стандард, незадоволството расте: Довербата на потрошувачите на петмесечно дно

Свет | пред 1 седмица

media-library99hbr3gnm187a7zZfX2

Над 50.000 жртви од горештините во Европа, летото 2026 најсмртоносно досега

Свет | пред 1 седмица

gradeznistvo-1024x448

Младите во Европа сè потешко до сопствен дом: Цените на становите пораснале за 60,5 отсто

Свет | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања