Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

„Фантоми Север“ обвинија за полициска бруталност по натпреварот во Кочани, МВР тврди дека навивачи нападнале полицајци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryd40r3g13pdiebe9o45N
Screenshot Facebook

Навивачката група „Фантоми Север“ преку објава на социјалните мрежи обвини за полициска бруталност по завршувањето на фудбалскиот натпревар во Кочани, тврдејќи дека повеќе нивни членови биле физички нападнати од полициски службеници.

— реклама —

Според нивната објава, инцидентот се случил откако навивачите се упатиле кон автобусот со кој патувале, при што, како што наведуваат, настанал хаос и биле употребени пендраци, боксови и шамари. Тие тврдат дека имаат членови со повреди на главата и окото, како и лице со скршена рака.

— реклама —

„Во 21 век, зарем сѐ уште нема крај на полициската бруталност?“, прашуваат од „Фантоми Север“, барајќи одговорност и целосно расчистување на случајот.

Од друга страна, Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 30 мај во 18:40 часот во Кочани биле лишени од слобода Б.Б. (27) и П.Н. (28), двајцата од Гевгелија, поради тоа што по завршување на натпреварот меѓу ФК „Кожув“ и ФК „Борец 1919“, како навивачи спречиле и нападнале полициски службеници при вршење службени дејствија.

— реклама —

Од МВР информираат дека за случајот е известен јавен обвинител и дека по неговото целосно документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

— реклама —

Засега остануваат спротивставени тврдењата на навивачката група и на полицијата, а околностите околу инцидентот се предмет на понатамошно утврдување.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryntk5gaho89asfudYycD

Две лица со автомобил се обиделе да прегазат полицајци во Чегране

Македонија | пред 1 час

— реклама —
media-libraryd1gkjdhbrm0u7RnvdbW

Приведен 56-годишник во валандовско, полицијата му пронашла пушка и муниција без дозвола

Македонија | пред 1 час

media-library3l2kotb27s0t1BbWf5j

МВР за пет часа казни 221 пешак, санкционирани и 179 возачи

Македонија | пред 3 часа

media-library442u516q70206nazeAm

Возач удрил жена во Куманово и избегал

Македонија | пред 23 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања