Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

ФФМ до Шкендија: Заканите нема да ја променат изречената казна

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
FFM

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) остро реагираше на соопштението на Шкендија, откако тетовскиот клуб најави дека неговиот спонзор би можел да се повлече од клубот и од македонскиот фудбал доколку не биде ревидирана казната изречена од Дисциплинската комисија по финалето на Купот на Македонија.

— реклама —

Од ФФМ порачаа дека нема да подлегнат на притисоци, закани или уцени и дека правилата мора да важат подеднакво за сите учесници во македонскиот фудбал.

— реклама —

„Никакви уцени, притисоци или закани нема да ја поколебаат Фудбалската федерација на Македонија во намерата да стави крај на дивеењето на трибините. Почитувањето на противникот, навивачите, законите и државните симболи е обврска за сите и нема да има исклучоци“, наведуваат од Федерацијата.

Оттаму додаваат дека евентуалното повлекување на спонзорот е деловна одлука на клубот, но нагласуваат дека таквите пораки нема да влијаат врз одлуките на надлежните органи.

— реклама —

Реакцијата доаѓа откако Дисциплинската комисија на ФФМ ѝ изрече на Шкендија парична казна од 105.000 евра и исфрлање од Купот на Македонија за следната сезона поради инцидентите за време и по финалниот натпревар против Силекс.

— реклама —

Финалето заврши со победа на Силекс од 1-0, а по натпреварот беа регистрирани повеќе прекршоци, меѓу кои одбивање на фудбалерите на Шкендија да ги примат медалите, исвиркување на македонската химна, националистички навреди и истакнување спорен транспарент.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

FFM

ФФМ ја прифати жалбата на Вардар, Тиквеш елиминиран од Купот на Македонија

Спорт | пред 1 седмица

— реклама —
media-librarypbje3d0qsd29bjyKN3B

(Видео) „Врие Шкотланѓани во Скопје“: Тевдовски бара ФФМ вечерва да ги отвори вратите бесплатно

Спорт | пред 1 месец

media-library9pk54ms9c30hckJPu21

Фудбалската репрезентација на Македонија со благодарност до Босна и Херцеговина: Во Сараево се чувствувавме како дома

Спорт | пред 5 месеци

media-libraryttl4anmjf45db2vcDG0

(Видео) Македонската химна исвиркана среде Скопје

Настани | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања